На шопинг во Врање со жена ми (виц)

Тргнавме на шопинг во Врање со жена ми. Таман влеговме во Србија и на автопатот не запира полицаец. Полицаецот ми се обрати:
– Добар дан друже, да ли се овако вози у Македонији?
Јас таман да почнам да се правдам, жена ми беше побрза и почна таа. Кога фати да се расправа, ред српски, ред македонски… Јас видов дека ова ќе потрае, си запалив цигара и се тргнав на страна.
По некое време ме викна полицаецот и ми вели:
– Комшија изволите ваше документе.
– А што се случи со казната?
– Каква казна брате, тебе је Бог довољно казнио са овом женом.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *