Паркингот во Битола оган скап станал, беше 10 денари, па 20, а сега 300% поскап

Во центарот на Битола деновиве беа воведени нови цени за паркирање, што предизвика реакции кај граѓаните. Дел од нив сметаат дека поскапувањето не го решава проблемот со недостигот на паркинг места, туку создава дополнителен товар врз буџетот.
Меѓу оние што јавно реагираа е и Софија Ристеска, која на својот профил на социјалните мрежи го изрази незадоволството од новите цени.

„Започна ерата на прескап паркинг во нашиот град – 250 денари за четири часа паркинг е ѓаволски скапо. Поскапувањето не го решава проблемот со недостатокот на паркинзи, туку го влошува. Граѓаните не се должни да ги покриваат финансиските дупки на јавните претпријатија. Во град без организиран јавен превоз, паркингот мора да има прифатливи цени“, напиша Ристеска.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *