Како Тито ја среди македонската економија (виц)

Тито дошол во Македонија на посета и им рекол на претседателот на локалниот огранок на партијата:
– Другар, имате плодна земја во Македонија – ќе сеете ориз!
– А што ќе правиме со толку ориз, другар Тито?
– Не е за вас. Ќе им го дадете на Јапонците.
– А што ќе ни дадат за возврат?
– Ќе ви дадат Тојоти!
– Аууу, прекрасно! Генијално смислено, другар Тито!
– Ама ни Тојотите не се за вас. Ќе ни ги дадете нам.
– Па тогаш што ќе добиеме ние од вас?
Тито му одговорил:
– Семе за ориз.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *