Новата андроид апликација на Мотика е за луѓе што „само ќе ѕирнат“ — и после 3 часа уште се тука
И додека ти го читаш ова, некој веќе ја симна Motika.io, рече „само една минута“ и сега му е ладно кафето од пред два саати.
Оваа година ни е јубилејна. 20 години Мотика. Дваесет години во кои интернетот се претвори од „ај да прочитам нешто“ во „ај да скролам додека ми се изгуби волјата за живот“. Видовме како медиуми стануваат платформи, платформите стануваат фидови, а фидовите стануваат… реалност.
И искрено? Едно нешто не се смени:
Луѓето гледаат, скролаат, се смеат, коментираат… и на крај само си кажуваат: „Леле, кога помина денот?“
Од таму почна идејата за Motika.io.

Што е Motika.io?
Ние не измисливме нов свет. Само ја земавме најприродната работа што ја правиш на интернет — да гледаш смешки — и ја направивме да изгледа како да има смисла. Апликација што е буквално продолжение на Мотика: истата енергија, истиот хумор, истите луѓе што се расправаат во коментари како да се на избори.
Кратки вертикални видеа. Скролање. Лајкови. Коментари. Се чувствува познато.
Само што тука фокусот е едноставен: да ти биде добро.

АЛАРМ ЗА ДОСАДА!
Ако чувствуваш дека животот ти станал премногу сериозен — ова е твојата дневна доза „ај да не се нервирам“.
Влегуваш.
Гледаш видеа.
Се смееш.
Пишуваш коментар што ќе го памети цела Македонија (барем 12 минути).
И после си викаш „уште едно“.
(и после уште едно… и после ај нека биде последно… и после пак)

Биди меѓу првите
Ние ја пуштивме апликацијата, а народот веќе прави хаос — на најубав начин.
Ако сакаш да фатиш место од старт, да бидеш меѓу првите што ќе ја населат новата Мотика… сега е моментот.
Симни Motika.io. Бесплатно.
И пази: не влегувај ако утре стануваш рано.



Коментирај анонимно