Паника околу потенцијалното протекување на тајните дневници на Хју Хефнер со скандалозни фотографии и интимни детали

Вдовицата на Хју Хефнер, Кристал Харис, поднесе тужба за да ja открие местоположбата на скандалозните албуми на нејзиниот починат сопруг, за кои се верува дека содржат слики на малолетнички и експлицитни фотографии на поранешни партнерки.
На прес-конференција во вторникот, Харис и нејзината адвокатка Глорија Олред открија дека постојат околу 3.000 албуми што припаѓале на основачот на Playboy и кои содржат „сексуално експлицитни фотографии“ на жени. Постои реална грижа дека некои од девојките на сликите биле малолетни, а други под влијание на алкохол, без можност да дадат согласност за фотографирање. Стравувањата се дека илјадници интимни фотографии би можеле да излезат во јавност преку сајтови, вештачка интелигенција или дигитални пробивања.

Паника околу потенцијалното протекување на тајните дневници на Хју Хефнер со скандалозни фотографии и интимни детали

Албумите содржат илјадници голи фотографии, можно и слики на малолетнички и жени без согласност

„Критично е јавноста да разбере дека не зборувам за слики објавени во магазини. Фокусот е на тоа како личните албуми на Хју Хефнер ги документираат приватните моменти кои се случиле зад затворени врати“, изјави Харис. „Постојат сериозни и нерешени прашања околу обемот на тоа што содржат тие албуми. Материјалите опфаќаат децении, почнувајќи од 1960-тите, и може да содржат слики на девојки кои биле малолетни во тој период и не можеле да дадат согласност за тоа како нивните фотографии ќе бидат задржани или контролирани.“
Таа дополнува: „Можеби има и фотографии на жени кои воопшто не дале согласност да бидат фотографирани. Албумите содржат голи фотографии, слики направени пред и по сексуални активности и други длабоко интимни моменти.“

Албумите содржат илјадници голи фотографии, можно и слики на малолетнички и жени без согласност

Страв од масовно протекување поради дигитализација и лошо чување: Илјадници животи во опасност од една безбедносна грешка

Албумите се чуваат во складиште во Калифорнија, но Харис тврди дека ѝ било кажано дека дел од нив би можеле да се наоѓаат во приватен дом за скенирање и дигитализација. „Длабоко сум загрижена дека овие слики би можеле да излезат во јавност. Вештачка интелигенција, дипфејкови, дигитално скенирање, онлајн пазари и хакерски напади – една безбедносна грешка може да уништи илјадници животи“, ја изразува загриженоста Харис.
Таа додава: „Ова не е историска документација. Ова е каталогизација и објективизација на најприватните детали од животите на жените.“

Страв од масовно протекување поради дигитализација и лошо чување: Илјадници животи во опасност од една безбедносна грешка

Вдовицата на Хефнер исфрлена од фондацијата и поднесува тужби поради загриженост за интимните материјали

Харис тврди дека била замолена да поднесе оставка од одборот на фондацијата Хју М. Хефнер кога почнала да алармира за фотографиите, а потоа еднострано била отстранета како извршен директор и претседател. Харис веќе поднесе претставки до јавните обвинителства на Калифорнија и Илиноис со барање да се истражи како се чуваат и ракуваат сликите.
Таа истакнува: „Ова не е за пари. Се борам за достоинство, безбедност и уништување на материјали снимени без согласност, за да не се продолжи експлоатацијата покриена зад маската на филантропијата. Илјадници жени може да бидат засегнати.“

Освен илјадниците албуми, фондацијата ги чува и личните дневници на Хефнер со експлицитни детали и имиња

Покрај илјадниците албуми, фондацијата поседува и личен дневник на Хефнер. Според Олред, дневникот содржи „длабоко лични информации за неговите сексуални активности, имиња на жени со кои спиел, белешки за сексуалните чинови и во некои случаи – следење на менструалните циклуси на жените.“

Кристал Харис го напушта минатото: Јавни судири со синовите на Хефнер и живот по Плејбој

Харис која скандалозно се омажи за основачот на Playboy во 2012 година, кога таа имаше 26 а тој 86 години, беше во брак со него до неговата смрт. По обелоденувањето на нејзината автобиографија “Само кажи добри работи: Преживеј Плејбој и најди се себе” во 2024, Харис изнесе бројни шокантни тврдења, вклучително и тоа дека никогаш не го сакала Хефнер и се чувствувала затворена во бракот. Таа неодамна имаше јавен конфликт со неговите синови, посебно со Марстон кој ја нарече „контролирачка“ и „главен манипулатор“ и ја праша: „Ако не те интересира славата, зошто купуваш следбеници на Инстаграм?“.
Во обид да одговори на овие обвинувања, таа изјави: „Очигледно е дека тој сѐ уште чувствува многу болка и повреда од односот или недостатокот на однос со својот татко. Постојат работи на кои се обидува да најде одговор, што можеби никогаш нема да ги дознае и затоа пополнува празнини.“ Харис исто така јавно се судри и со поранешната вереница на Хефнер, Холи Медисон, а денес работи како агент за недвижности и е свршена со претприемачот Џејмс Вард.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *