Еден обичен ден во нашата мила Македонија (виц)
„Е*ати скапаната држава…“ си мислеше тетка Марина, додека од терасата на петти кат си го фрлаше ѓубрето, па не успеа ни да го погоди контејнерот.
Во исто време, паркирајќи ја колата, чичко Митко го спушти прозорецот и го фрли отпушокот на тротоарот, мрморејќи нервозно:
„Море да ви е*ам и ѓубрињата, цел ден ви ‘рмбам за 500 евра…“
На првиот кат, Марија возбудено ѝ објаснуваше на мајка си како наставникот ѝ се развикал затоа што гледала во Ајфонот на час. Ѝ го зел Ајфонот и не можела да препише. Сега ќе имала слаба оценка и можело да не се запише во гимназијата што ја сакала. Мајка ѝ веќе бесно планираше како уште утре со „гордиот сопственик на родителските права“, односно таткото, ќе одат во школо да се расправаат со наставникот — како може да му го зема Ајфонот на детето и уште да ѝ пише тројка?! Некој си беден наставник со мизерна плата, што може да сонува за таков телефон, сигурно од завист така се истурал врз нивното злато…
Сашо од втори кат пак, пиеше пиво со другарите во паркчето пред зградата, го пцуеше системот и објаснуваше како во недела ќе оди на протест, оти
„Некој мора нешто конечно да направи во оваа скапана држава“.
Стана од клупата, ја шутна со сета сила и ја скрши. Се насмевна задоволно и извика:
„Оставка! Сите од власта зад решетки!“
Потоа полека се упати кон дома — да види што му зготвила мајка му за ручек.

Коментирај анонимно