Мини чололаден колач готов за 5 минути – идеален десерт кога доаѓаат ненајавени гости

Нов интернет хит кој ги освои сите љубители на слатки е мини чоколадна торта што се подготвува за само две минути. Не ви треба ништо повеќе од седум едноставни состојки што секогаш ги имате дома, микро печка и една шолја. Совршено решение кога ќе ви се пријаде нешто благо или кога ќе ве изненадат гости, а не сакате да губите време и сили.

Мини чололаден колач готов за 5 минути – идеален десерт кога доаѓаат ненајавени гости

Седум состојки и една шолја создаваат совршен домашен мини-колач

Рецептот бара само седум основни состојки:
• Две супени лажици брашно
• Една супена лажица шеќер
• Една супена лажица какао
• Четвртина мала лажичка прашок за печиво
• Малку сол
• Три супени лажици млеко
• Една супена лажица масло
• Неколку коцки чоколадо, по желба
Овој едноставен десерт може да го надополните и со овошје, да го прелиете со чоколада, шеќер во прав или да го сервирате со сладолед или шлаг за посебен вкус.

Четири чекори до брз чоколаден колач во шолја за само пет минути

Во шолја од 200 мл што е безбедна за микробранова печка ставете брашно, шеќер, какао и сол. Промешајте добро да се соединат сувите состојки. Потоа додајте ги млекото и маслото и мешајте со вилушка додека не добиете мазна течна смеса. На крај, додадете неколку коцки чоколадо. Ставете ја шолјата во микробранова печка и загревајте точно една минута. Колачот може да се јаде додека е топол или да се остави да излади, а по желба украсете го со сладолед, растопена чоколада, овошје, шлаг или само малку шеќер во прав.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *