Сопственичка на домашно милениче вели дека кучето ѝ го спасило животот откривајќи ѝ рак на дојка

Една жена денес живее благодарение на својот верен пес. Неговото необично и вознемирено однесување доведе до неверојатно и шокантно откритие: агресивен карцином на дојка што можело да ја чини животот. Ова е вистинската приказна за Чејс Џонсон и нејзиниот лабрадор-ретривер, Цето.

Сопственичка на домашно милениче вели дека кучето ѝ го спасило животот откривајќи ѝ рак на дојка

Ненадејна анксиозност и „потресно“ однесување на Цето доведоа до откривање на чуден болен јазол на дојката

Чејс Џонсон (36) уште еднаш се уверила дека животните имаат посебно чувство. Нејзиниот пес Цето почнал да се однесува исклучително вознемирено, шетал околу неа, плачел и не сакал да се оддели. Неколку недели подоцна, Цето ја поттурнал со носот по нејзината лева дојка и таа почувствувала болка. Тогаш ја напипала грутката која го промени нејзиниот живот.

Ненадејна анксиозност и „потресно“ однесување на Цето доведоа до откривање на чуден болен јазол на дојката

Лекарите ја убедувале дека е премлада за рак и дека болката не е причина за грижа, но истрајноста и искуството со сопругот ѝ го спасиле животот

Откако Чејс нашла тврд јазол, веднаш закажала преглед, но ѝ било речено дека е премлада за рак и дека ракот не боли. „Ми кажаа дека најверојатно станува збор за бениген цист и дека нема причина да се грижам. Да се вратам во мај“, се сеќава Чејс. Не задоволна од одговорот, се обратила кај друг лекар, објаснувајќи и дека нејзиниот сопруг Бен веќе бил предупреден од Цето дека има рак на дебелото црево. Ова конечно ја натерало лекарката да ѝ закаже мамографија. „Ако не се Цето и искуството со мојот сопруг, можеби денес немаше да бидам жива“, раскажува Чејс.

Лекарите ја убедувале дека е премлада за рак и дека болката не е причина за грижа, но истрајноста и искуството со сопругот ѝ го спасиле животот

Тешка дијагноза, итна терапија и неверојатно закрепнување – докторите предупредуваат дека само брзата реакција ѝ ја спасила иднината

На 16 февруари 2021 година, Чејс добила страшна дијагноза – троструко негативен карцином на дојка, агресивна форма од која многу жени не преживуваат. Веднаш следеле хемотерапија, радиотерапија, операција и отстранување лимфни јазли. Онкологот ѝ рекол: ‘Да чекавте до мај, ќе водевме сосема поинаков разговор – можеби немаше да преживеете.’ Денес, по мачните третмани, Чејс е без трага од болеста.

Тешка дијагноза, итна терапија и неверојатно закрепнување – докторите предупредуваат дека само брзата реакција ѝ ја спасила иднината

Исповед на Чејс: „Мора сами за себе да се борите – никој не ви гарантира дека сте безбедни само поради возраста или мислењето на експертите”

„Ако не беше Цето, ако не беше претходното искуство со мојот сопруг, можеби немеше да бидам овде. Ме убедуваа дека сум премлада и дека рак не боли, а сепак добив ваква дијагноза“, споделува Чејс. Денес таа учествува во клиничка студија за превентивна вакцина против рак на дојка во Кливленд клиниката, каде прелиминарните резултати даваат надеж за нов пристап против оваа болест.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *