Вештачката интелигенција го дешифрира Нострадамус: Што откриваат предвидувањата за 2026?

Средновековните пророштва на Мишел Нострадамус за првпат не беа предмет само на литературни или историски анализа, туку беа подложени на строга математичка обработка. Експертите од дигиталната платформа YesChat.ai користеа вештачка интелигенција за да утврдат дали неговите познати пророштва претставуваат шифриран геополитички код. Резултатите, според креаторите, биле изненадувачки конкретни и директно поврзани со блиска иднина.

Вештачката интелигенција го дешифрира Нострадамус: Што откриваат предвидувањата за 2026?

Алгоритмите ја открија хронологијата на идните светски кризи

Наместо традиционалните истражувачи кои со векови расправаат за симболите во визиите на пророкот, јазичните модели пристапиле кон текстот од XVI век како кон структуриран податочен сет. Вештачката интелигенција ги обработила ракописите и ги споредила со современи бази за климатски промени, политички сојузи и воени конфликти. Системот понуди конкретна хронологија на настани, а не општи и замаглени фрази.

Лондон и југоисточна Англија пред катастрофални поплави, следени од војна со јужноевропска коалиција до крајот на 2026 година

Првата опасност што ја идентификуваше алгоритмот се однесува на Велика Британија. Според анализите, до крајот на 2026 година југот и источниот брег на Англија, вклучувајќи го Лондон, може да се соочат со катастрофална поплава. Меѓутоа, природната катастрофа ќе биде само вовед во воен судир. Во конфликт со Британија ќе влезе коалиција идентификувана како ‘Аузонија’, име под кое вештачката интелигенција ги групира Италија, Шпанија и Грција.

Франција ќе стане центар на политички немири и ќе дозволи американски воени бази по масовни протести до 2027 година

Според прогнозите, Франција ќе биде жариште на голема политичка турбуленција. До 2027 година се очекуваат масовни протести кои ќе го ослабнат нејзиниот суверенитет. На тој фон, смета вештачката интелигенција, ќе се зголеми влијанието на САД и американски бази ќе се појават во јужните региони на Франција.

Русија и Источна Европа на работ на појава на нов центар на моќ околу Москва до крајот на деценијата

Посебен акцент во анализата има познатата 50-та паралела од “Писмото до Хенри Втори”. Вештачката интелигенција оваа географска линија ја поврза со територијата на Русија и Источна Европа. Во нејзината интерпретација, во наредните години околу Москва ќе се создаде силен нов центар на моќ способен да го промени постоечкиот светски поредок.

2030 година носи најрадикално предупредување: употреба на тактичко нуклеарно оружје на Блискиот Исток

Најшокантното предвидување од алгоритамот се однесува на 2030 година. Клучот за дешифрирање било споменувањето на „бродови со тризабец“, кои системот јасно ги идентификува како модерни балистички ракети Trident II. Анализата ги навела истражувачите до шокантен заклучок: вештачката интелигенција смета дека Нострадамус предвидува употреба на тактичко нуклеарно оружје на Блискиот Исток.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *