Шокантен потег на келнерка за поголем бакшиш – клиентите ја бранат: „Браво за неа, паметно си направила!“
Американската култура на оставање бакшиш повторно е во центар на вниманието, овојпат поради сметка од Denny’s што стана вирална и предизвика бурни реакции на интернет. Причината: келнерка која користи досетлив, но и ризичен трик да добие поголем бакшиш – трик што некои го нарекуваат генијален, а други опасен.

Келнерката користи попуст за двојно поголем бакшиш
Клиентот ѝ кажал на келнерката да ја заокружи сметката на 70 долари, и остатокот од парите да биде бакшиш. Оригиналната сметка изнесувала 55,25 долари пред данок, па клиентот, со вкучен данок, би оставил бакшиш од нешто повеќе од 10 долари.
Но келнерката потоа искористила 25% попуст за вработени, кој ја намалил сметката на 44,79 долари. Тоа значи дека таа добила бакшиш од 25,21 долари, додека ресторанот заработил 13,84 долари помалку отколку што би добил. Фотографијата од сметката експресно се проширила на X и Reddit, разгневувајќи некои, но и предизвикувајќи поддршка од други.

Дебата на интернет: Дали келнерката само го „измами“ газдата или паметно ги искористи правилата?
Некои корисници ја осудуваат келнерката и предупредуваат дека ова може да биде причина за отказ, додека други не гледаат ништо лошо. „Клиентот изрази подготвеност да плати 70 долари. Токму толку и плати, како што очекуваше,“ пишува еден корисник на Reddit.
Друг додава: „Вработената само му „измами“ 13,84 долари на газдата, кои инаку ќе му припаднеа на ресторанот. Клиентот нема за што да се жали.“
Трет коментира: „Добро е! Фирмите редовно ги поткрадуваат вработените со легални, ама неморални тактики. Не охрабрувам кражба, ама ако некој веќе го направи, браво. Впрочем, дали навистина е кражба? Вработената искористила попуст што ѝ следува. Овојпат наместо за храна, земала пари.“


Коментирај анонимно