Владата на Македонија кажува колку ни е убав животот (виц)
Владата на Македонија свикува прес конференција за да ги објави најновите статистики за тоа колку се подобрил животот на луѓето во Македонија. Сите се наместени, камерите и микрофоните вклучени и Мицкоски почнува:
– Според најновите статистички податоци, просечниот Македонец денес живее три пати подобро.
Сите новинари на провладините медиуми стануваат на нозе и даваат громогласен аплауз. Само два-тројца седат во чудење. Едниот крева рака да праша нешто.
– Извинете премиере, само едно кратко прашање.
– Повелете.
– Споредбено со која година се овие статистички податоци.
– Како со која, па со следната.

Коментирај анонимно