Плазма ролат со банани кој ќе ги освои сите во домот
Подготовката на овој ролат со банана е толку лесна што ќе ве изненади, а вкусот е гаранција дека сите од семејството ќе бидат воодушевени! Внимавајте, само еден залак е доволен да заборавите на сите други слатки!

Основни состојки за незаборавен банана плазма ролат
За подготовка на тестото ви се потребни 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно и 3 лажици масло. За филот: 1 литар млеко, 10 лажици шеќер, 2 пудинга од ванила, 150 грама путер или маргарин, 200 грама мелени бисквити и 3 до 4 банани како декорација. По желба, додадете чоколадни трошки или шлаг прелив за финална завршница.

Како да го подготвите совршениот плазма ролат чекор по чекор
Белките се матат со шеќер додека не станат пенливи. Потоа се додаваат жолчките, брашното со прашок за печиво, и малку масло. Додека се пече кората, се подготвува филот: во литар млеко се варат 2 пудинга од ванила, па се додаваат мелените бисквити и путерот (или маргаринот). Намачкајте го филот врз кората, ставете банана преполовена по средина и се витка во ролат. Одозгора се прелива со преостанатиот фил, шлаг или чоколадо според желба.


Коментирај анонимно