Виц за бирократијата во Македонија (не е далеку од вистината)

Што е потребно за да испиете чаша вода од чешма во сопствената фирма:

  1. Копија од судското решение за регистрација на фирмата.
  2. Копија од договорот за основање (за ДОО).
  3. Извод од централен регистар – копија, нотарски заверена.
  4. Документ од УЈП дека не си даночен должник – копија, нотарски заверена.
  5. Договор за наем – копија, нотарски заверена, 2 примероци.
  6. Дозвола од наемодавачот за користење на водата.
  7. Сметки (копии) за платена вода за последните 6 месеци.
  8. Анализа од АХВ дека водата е исправна за пиење.
  9. Хемиска анализа на водата од Институтот за хемија при ПМФ – оригинал или нотарски заверена копија.
  10. Анализа на водата за штетни материи, издадена од Микробиологија – оригинал или нотарски заверена копија.
  11. Изјава дека доброволно сакате да пиете од чешмата.
  12. Опис на чашата што се користи за пиење на водата, заверен од АХВ.
  13. Барање за пиење чаша вода, потпишано од лицето.
  14. Потврда од ФЗОМ за платени здравствени придонеси.
  15. Потпис од двајцата родители дека се согласни лицето да пие вода; ако еден или двајцата родители се починати – нотарски заверена копија од извод од матична книга на умрените.
  16. Изјава за количината на испиена вода.
  17. Дозвола од Водовод и канализација за користење вода за пиење.
  18. Судско уверение дека лицето и претходно пиело вода.
  19. Уверение за неосудуваност на лицето што сака да испие чаша вода.
  20. Копија од лична карта на лицето.
  21. Извод од матична книга на родени за лицето.
  22. Копија од лична карта на управителот на фирмата.
  23. Извод од матична книга на родени за управителот на фирмата.
  24. Фотографија од чашата вода и од чешмата (2 примероци).
  25. Потврда за платени даноци за претходната година на лицето.
  26. Потврда дека лицето нема обврски кон УЈП.
  27. Изјава, потпишана од чашата, дека дозволува во неа да се налева вода.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *