Македонското куче Спас на натпревар за најзлобно куче во светот (виц)
Натпревар за најзлобно куче. Учесници од цел свет. Претставник за Македонија – Перо со кучето Спас.
Правилата – директни елиминации.
Прва борба: Спас против француски булдог. Ги пуштаат кучињата, даваат старт и булдогот почнува да го гризе и дави Спас. Спас не мрда. Публиката во шок. По некое време, кога напнатоста расте, Перо вика:
– Спас, дрш!!!
И Спас – АМ! На два-три залака го изел булдогот.
Втора борба – против мастиф. Истата приказна. Старт, мастифот р’жи, гризе, дави… Спас не мрда. Додека Перо пак не извика:
– Спас, дрш!!!
И мастифот – како за доручек.
Така ред по ред до финалето. Спас од Македонија зема злато. Новинарите трчаат од сите страни да прашаат каква раса е и каков метод на дресура има ова чудо од куче.
Перо кратко одговара:
– Зет ми пред десет години се врати од Авганистан и донесе едно малечко кученце со грива и топка на опашката. Од тогаш – ќотек, студ и глад. И ете ти го Спас!

Коментирај анонимно