Њујоршка инфлуенсерка купи свадбен фустан иако нема дечко, затоа што имало голем попуст

Шајла Квин од Њујорк предизвика вистинска вирална бура кога реши да купи свадбен фустан иако нејзината моментална љубовна состојба е – нема дечко. Нејзината објава, во која ведро напиша: „Во моментов сум сингл, ама ако свадбен фустан од 4.500 долари биде намален на 100, веднаш го носам дома!“, собра речиси 4 милиони прегледи на Инстаграм и ТикТок.

Њујоршка инфлуенсерка купи свадбен фустан иако нема дечко, затоа што имало голем попуст

„Мажи ми пишуваат дека дури и тие би го купиле фустанот“

Квин за The Post изјави дека е изненадена од позитивната поддршка што ја добива. „Искрено, очекував дека луѓето ќе мислат дека сум луда. Ама добив огромно количество позитивни пораки за ова“, вели 36-годишната жителка на Вилијамсбург. „Толку многу жени ми напишаа дека и тие направиле нешто слично и потоа наскоро ги сретнале своите партнери, што ми се допаѓа. И исто така, сосема неочекувано, примив многу коментари и од мажи: ‘Ја почитувам оваа одлука. Јас сум маж, ама и јас би го купил тој фустан.‘“

Купувањето на фустанот било случајност: Таа првпат го видела ден после Валентајн

Бринетата првпат го забележала фустанot на распродажба по повод примероци што не се искористени, што ја организирала нејзина пријателка на Бонд Стрит во НоХо за австралискиот бренд Kyha Studios. „Ми праќаше неколку покани во текот на двете недели и цело време и велев: ’Тe сакам, сакам да те поддржам, ама немам работа таму, јас сум сингл‘,“ се потсетува Квин.

„Немав намера да купувам фустан – но тој ме најде мене“: Судбинско откритие за 100 долари

Сепак, пријателката конечно ја убедила да сврати и тогаш, Квин го најде вистинскиот фустан. „Немав намера да барам фустан. Како да фустанот ме најде мене“, раскажува таа со возбуда. „Морам да признам, цената беше огромен фактор – да најдеш фустан од 4.500 долари за 100 е реткост… Но, освен тоа, едноставно ми прилегаше прекрасно и можев да се замислам како го носам на различни начини во иднина.“

На почеток сакаше да ја чува тајната, но инспирираше илјадници да мечтаат слободно

Квин прво сакала да го задржи купувањето во тајност. „Реков, ’Нема никому да кажам за ова‘“, се смее таа. „А потоа кога стигнав дома, си помислив: ’Знаеш што? Ова е прилично забавно.‘“ Како инфлуенсерка за животен стил, која промовира манифестирање на сопствената реалност, се надеваше дека нејзината приказна може да ги мотивира луѓето да ја следат својата интуиција. „Секогаш сум правела работи на свој начин и во свое време. Згора на тоа, да го купам фустанот пред да го сретнам момчето совршено се совпаѓа со мојот стил“, изјави Квин.

Се роди нова надеж: „Фустанот ми ја врати радоста и отвореноста за љубовта“

„Имаше нешто во тоа да пробам свадбен фустан што ми помогна да ја визуелизирам сопствената свадба на начин кој претходно не сум можела… Навистина ми се врати возбудата и ме потсети да бидам отворена и оптимистична.“ Родена во Јужна Калифорнија, Квин се преселила во Њујорк пред четири години и сингл е веќе година ипол – но можеби не уште долго.

Лудило во директните пораки: „Можеби ова е само почетокот на приказната“

„Пораките што ги добивам се навистина луди во моментов. Мислев дека мажите ќе мислат дека сум луда, ама спротивното се случи. Имам многу пораки од мажи,“ вели Квин. „Па затоа мислам дека можеби овој фустан е само почеток на приказната.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *