Вака Амишите чуваат месо и не се расипува со години — без фрижидер!

Тања ги знае старите рецепти за преживување. За време на војната во нејзината земја, овие техники за конзервирање храна буквално и помогнале да преживее — струјата доаѓала и заминувала, фрижидерот бил бескорисен, но шпајзот полн со тегли не. Поентата ја кажува директно: „Да се подготвиш кога имаш струја и да јадеш кога нема струја.” Денес ги дели методите со сите — три начини да зачувате месо без фрижидер, без притисочен шпорет и без алатки кои не постоеле пред сто години.

Вака Амишите чуваат месо и не се расипува со години — без фрижидер!

Сланина во тегли печена во рерна – метод кој трае со години

Тања почнува со 2 кг свежа свинска сланина, наречена “Адидас” поради лентите месо и маст. Ја сече на парчиња и ја припрема смесата за зачини: 2 лажици сол, 1 лажичка гранулиран лук, 1 лажичка пиперка, 1 лажица црвена слатка мелена пиперка, 1 лажичка мелен коријандер, половина лажичка сув органски зачин, 1 лажичка мајчина душица и 3 ловорови листови ситно искршени. Секоја коцка се валка во зачини, се реди во чисти тегли, капакот лабаво се става одозгора. Теглите се ставаат во ладна рерна, рерната се вклучува на 200°C и се остава додека сланината почне да се топи и маснотијата да зоврие. Потоа температурата се намалува на 120°C и се пече уште околу 1 час и 30 минути. Додека сè уште е жешко, капаците се затвораат цврсто со ракавици. Теглите се ладат целосно и се чуваат на темно. Ако средишниот дел од капакот потоне, внатре има вакуум. Маснотијата во теглата е идеална за компири.

Сланина во тегли печена во рерна – метод кој трае со години

Телешко варено во сопствен сок во тегли — без притисочен шпорет

Кило и пол телешко, сечено на парчиња, се зачинува само со лажичка сол. Два главици кромид се сечат на прстени. На дното на секоја тегла се става неколку биберки и ловоров лист, потоа кромид, па месото се набива цврсто. Се остава два прста слободен простор горе. Во секоја тегла оди лажичка оцет (9%). “Не ги изоставувајте солта и оцетот!” Рабовите се бришат, теглите се затвораат и ставаат во тенџере со крпа и вода до нивото на капакот. Откако водата ќе зоврие, се готви уште 4 часа на тивок оган. По вадењето, теглите бавно се ладат. При отворање, мора да се слушне „поп“ од вакуумот. Ако го нема, содржината е ризична! Месото е варено во својот сок, чорбата е вкусна, рецептот е основен — сол и оцет задолжително, останатите зачини по желба.

Телешко варено во сопствен сок во тегли — без притисочен шпорет

Најстар начин – шницли во свинска маст со рок една година

Ова е најстариот метод: маснотијата како природен конзерванс. Кило и пол месо од свинско рамо, посолен, се пржи во тава со две лажици стопена свинска маст, но само до 90% готовост. „Не го пржете докрај, бидејќи дополнително ќе се обработуваат топлински.” Се редат шницлите во тегли со широк отвор (не до крајот), се залеваат најпрво со маста во која се пржеле, а потоа се додава уште пола килограм стопена маст – месото мора да биде целосно покриено. Теглите се пастеризираат, 45 минути на вриење, па постепено се ладат. Чувајте ги на ладно и темно. „Месото нема да се расипе, може да стои повеќе од една година. Не ја намалувајте количината на сол!!”

Шпајз полн со тегли е гаранција — не фрижидер!

Тања не ги снима овие техники од носталгија, туку затоа што знае нешто што многу денешни семејства со полни фрижидери не го знаат: храната ќе биде поскапа, струја може да снема, а фрижидерот не е гаранција за стабилност. Шпајзот со тегли домаќински сочувани меса — тоа е сигурност во време на нестабилност.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *