Фановите шокирани од минијатурниот струк на Ким Кардашијан додека таа ја објавува новата NikeSKIMS колекција

Ким Кардашијан изгледа поослабена од кога и да е, па затоа не е чудо што фановите останаа без зборови по нејзината последна објава на Инстаграм. Реалити ѕвездата максимално го истакна својот струк од само 61 сантиметар додека позираше во спортската опрема од новата, пролетна колекција NikeSKIMS.

Фановите шокирани од минијатурниот струк на Ким Кардашијан додека таа ја објавува новата NikeSKIMS колекција

Ким се пофали со струк од само 61 сантиметар во спортка облека од NikeSKIMS

Во најновата кампања за NikeSKIMS, Кардашијан носеше кратко топче, велосипедски шорцеви, хеланки, јакна на патент и нејзините познати патики. Во описот на Инстаграм напиша: „Доаѓа на 12 март новата пролетна колекција на NikeSKIMS ‘26.“ Фановите шокирано забележаа колку многу ѝ е стеснат струкот и се прашуваа дали сè уште тренира со корсет, како што направи за Мет Гала пред неколку години.

Лансирање на NikeSKIMS пролет 2026: Нови иновации, бои и дизајни инспирирани од самата Ким

NikeSKIMS претстави нови изданија во својата пролетна колекција за 2026 година, наменети жените да се чувствуваат самоуверено и силно, и во и надвор од теретана.„Најновото издание содржи нови силуети, материјали и палета на бои, за првпат вклучувајќи ја Matte Shine Mix — материјал кој овозможува елегантен, обликувачки изглед, брзо сушење и средна компресија. Меѓу новитетите се Matte Shine Mix Straight Neck градникот, Airy Track јакна и Airy Foldover Waistband сукња-шортс. Опцијата Light Bone е нова нијанса на NikeSKIMS Rift Mesh, а достапни се и повторни залихи во црна и темно кафена боја. Производите ќе бидат достапни глобално од 12 март на nike.com/NikeSKIMS, SKIMS.com/NikeSKIMS и низ избрани продавници.

Лансирање на NikeSKIMS пролет 2026: Нови иновации, бои и дизајни инспирирани од самата Ким

Ким Кардашијан: „Оваа колекција е дизајнирана да ве натера да се чувствувате најдобро“

„Оваа колекција е дизајнирана да ве натера да се чувствувате најдобро“, изјави Кардашијан, ко-основач и главен креативен директор на SKIMS. „Самодовербата игра голема улога во вашето вежбање, и кога се чувствувате добро во она што го носите, тоа го менува начинот на кој се појавувате во теретана.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *