Научниците планираат да лансираат 50.000 огледала во вселената за „сончева светлина по потреба“ – но скептиците предупредуваат дека тоа претставува сериозен ризик за животните и луѓето

Научниците неодамна открија план кој создава бурни реакции во јавноста: планираат лансирање на 50.000 огромни огледала во орбитата на Земјата, со цел да овозможат ‘сончева светлина на барање’. Овој проект, зад кој стои калифорнискиот стартап Reflect Orbital, предизвикува големи дилеми поради потенцијалните штетни последици за животната средина и живиот свет на нашата планета. Планираното лансирање прво ќе биде тестирано со 18,3-метарско огледало кое, доколку експериментот помине успешно, ќе започне нова ера на манипулација со сончевата светлина… но по која цена?

Научниците откриваат контроверзен план за лансирање 50.000 огледала во вселената за „сончева светлина по потреба“ - но скептиците предупредуваат дека тоа претставува сериозен ризик за животните и луѓето

Содржина:

Reflect Orbital ќе тестира 18,3 метарско огледало на 640 километри од Земјата, што ќе осветли површина широка 4,8 километри

Според планот, Reflect Orbital очекува дозвола за лансирање на прототип огледало од 18,3 метри во орбитата на височина од 640 километри. Откако ќе се отвори, огледалото ќе осветли дел од Земјата со широчина од околу 4,8 километри. Гледано од земјата, ова мало светло ќе биде скоро сјајно како месечината. Идејата на компанијата е да обезбеди сончева светлина по потреба за производство на електрична енергија, осветлување по катастрофи, па дури и како замена за улично осветлување.

Reflect Orbital ќе тестира 18,3 метарско огледало на 640 километри од Земјата, што ќе осветли површина широка 4,8 километри

Компанијата планира до 2035 година да распореди 50.000 огледала во орбитата и веќе собра повеќе од 28 милиони долари инвестиции

Reflect Orbital не е првата организација со ваков сон, но нивниот проект е многу поамбициозен од рускиот експеримент Знамја од 1993 година, кога 20 метарско огледало за кратко време осветли парче од арктичка Сибир. Компанијата, која собра повеќе од 28 милиони долари инвестиции, планира до 2027 да лансира уште два прототипа, а до 2028 година 1.000 поголеми сателити. До 2030 година таа бројка треба да достигне 5.000, а до 2035 година дури 50.000 работни огледала во орбитата.

Огледалата нудат 24-часовна сончева енергија, осветлување за спасувања, одолговлекување на земјоделски сезони и нови ноќни искуства

Reflect Orbital најмногу се фокусира на соларната индустрија, која нема можност за производство на струја ноќе. Компанијата ветува дека нивните огледала ќе овозможат: сончева енергија кога е најпотребно, осветлување за зони погодени од природни катастрофи, одолголвлекување на работното време и земјоделските сезони, замена на уличното осветлување, намалување на светлосното загадување, континуирана енергија за одбранбени операции и незаборавни ноќни искуства на јавни места и настани.

Цената за 1 час сончева светлина од едно огледало ќе биде 5.000 долари, а соларните централи можат да склучат договор за дел од профитот

Според Бен Науак, извршен директор на Reflect Orbital: „Се обидуваме да изградиме нешто што ќе ги замени фосилните горива и навистина ќе напојува сè“. Цената на еден час сончева светлина од едно огледало ќе биде околу 5.000 долари за годишна нарачка од најмалку 1.000 часа. Соларните централи, пак, ќе можат да платат со дел од профитот добиен од продажба на електрична енергија добиена со помош на дополнителната светлина од Reflect Orbital.

Експертите предупредуваат: Огледалата може да предизвикаат хаос во живиот свет и кај луѓето, сериозно го нарушуваат природниот биоритам и астрономијата

Марта Хотз Витаторна, невробиолог од Универзитетот Нортвестерн, предупреди: „Последиците за живиот свет, за сите организми, се огромни“. Според експертите, огледалата може да ги нарушат циркадните ритми (природните циклуси за спиење и будење) не само кај луѓето, туку и кај животните и растенијата. Ова би можело да доведе до погрешно размножување кај животните, излегување од хибернација на инсекти во сред зима, оставање на растенија без опрашувачи и дезориентација на птиците преселници.

Организацијата DarkSky предупредува дека овој план може да го загрози ноќниот биолошки свет и безбедноста на граѓаните

Групата за заштита на природата DarkSky вели: „Овие активности носат сериозни ризици за ноќната средина. Вештачката светлина во текот на ноќта може да доведе до нарушување на биодиверзитетот, екосистемите и да предизвика сериозни безбедносни проблеми за јавноста“. За жал, американската агенција FCC не ги зема предвид овие влијанија во разгледувањето на вакви апликации бидејќи дејствата во вселената не подлежат на еколошко разгледување од нивна страна.

Астрономите стравуваат дека светлината од огледалата ќе ја уништи можноста за набљудување на вселената од Земјата

Проф. Гаспар Бакош од Принстон за Daily Mail изјави: „Ова ќе ја наруши астрономијата засекогаш.“ Дури иако компанијата тврди дека нивната светлина ќе биде насочена и ограничена, Бакош укажува дека светлината сепак ќе се расфрла преку атмосферата и облаците, а тоа ќе придонесе кон дополнително светлосно загадување на небото ширум светот. Тој вели дека Reflect Orbital „апсолутно треба да биде спречен да ги испрати овие огледала во орбита бидејќи ја уништува животната средина на многу начини“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *