„Јас водам двоен живот – стујардеса преку ден, Only fans модел навечер – тешко се балансираат тие два света, а моето семејство нема појма за мојата тајна“
Во време кога сè повеќе луѓе избираат креирање содржини како кариера, комбинирањето неколку работи за да се „преживее“ станува новата реалност. Џена е една од тие што, покрај тоа што работи како стјуардеса, крие уште една, многу помалку конзервативна страна од својот живот – таа е OnlyFans „модел“. Нејзиното семејство и пријатели немаат поим за нејзината пикантна тајна.

Содржина:
- Џена го користи животот во хотелски соби за снимање ексклузивна содржина и го сака тој баланс
- Притисокот од двојниот живот и стравот од осаменост поради тајните
- Постојано носење „маска“ и следење трендови го исцрпуваат секој креатор
- Креаторите во конзервативни сектори живеат во постојан страв: 60–70% кријат два различни идентитети
- Преокупација со тајноста води до анксиозност, изолација и психички замор
Џена го користи животот во хотелски соби за снимање ексклузивна содржина и го сака тој баланс
„Обожавам да летам низ светот и да бидам дел од екипажот во авионите,“ вели Џена за Foxy Studios, агенција за OnlyFans менаџмент. „Секој пат кога преноќувам во некоја нова земја, го користам луксузот на хотелската соба за да снимам секси содржина за фановите.“ За неа ова е добивка на повеќе фронтови: „Дополнителните пари стварно се одлични, а и откривам нови страни од себе.“
Притисокот од двојниот живот и стравот од осаменост поради тајните
Иако нејзиниот начин на живот може да изгледа гламурозен, Џена потенцира дека е многу тешко да се балансираат двете улоги. „Забавно е, ама има многу притисок кога се обидуваш да ги балансираш двата света“, признава таа, особено поради тоа што нејзината пикантна работа ја крие од сите што ги познава. „Понекогаш се чувствувам прилично осамено затоа што OnlyFans го работам во тајност, што е веројатно најголемата негативна страна.“

Постојано носење „маска“ и следење трендови го исцрпуваат секој креатор
Џена признава дека константното глумење среќа и секси изглед пред фановите знае да биде исцрпувачки: „Постојано настапувам на двете работни места – ставам насмевка и носам добра енергија, а тоа навистина знае да замори на моменти.“ Таа истакна: „Мора постојано да следиш трендови и навистина не е лесно да си на врвот. На некој момент, правењето иста содржина станува досадно за тебе, но уште поважно, за твојата публика.“
Креаторите во конзервативни сектори живеат во постојан страв: 60–70% кријат два различни идентитети
Џои, основачката на Foxy Studios, открива: „Повеќето луѓе мислат дека сето тоа е гламурозно, но реалноста е дека многу креатори живеат сосема двојни животи. Околу 60–70% од креаторите што ги менаџираме ја кријат својата OnlyFans работа од работодавачите, семејствата или луѓето во својот социјален круг – особено оние што работат во конзервативни сектори како здравство или образование.“

Преокупација со тајноста води до анксиозност, изолација и психички замор
Џои нагласува: „Тој постојан страв од разобличување има навистина големи психолошки последици. Креаторите постојано ги проверуваат своите приватни поставки, ги следат дигиталните траги и стравуваат дека некој од вистинскиот живот ќе ја најде нивната содржина.“ Според неа, „живеењето со два различни идентитети може да доведе до анксиозност, изолација и чуство на прегорување. Имаме видено креатори со панични напади и депресии – не толку поради работата, туку поради огромниот притисок сè да биде одвоено и тајно. Токму затоа, поддршката е клучна за менталното здравје и долгорочна одржливост во оваа индустрија.“

Коментирај анонимно