5 правила што ги научив поминувајќи време со најбогатите 0,01% луѓе во светот

Поминав време со луѓе кои се дел од најбогатите 0,01% на планетата — ова е она што го открив: Тие не се најпаметни. Не се најхаризматични. Не се најдруштвени. Начинот на кој размислуваат и функционираат е едноставно различен – и тоа е единственото нешто кое навистина има значење. Се очекува дека меѓу луѓе кои заработуваат по десетици или стотици милиони евра годишно ќе наидете на исклучителни личности кои го исполнуваат просторот со своето присуство. Во реалноста – тие не се секогаш најпаметните или најимпресивните. Клучната разлика е суптилна и потешка за препознавање. Нивните принципи се основата на сѐ, а тие принципи не се учат ниту на факултет, ниту од родители, ниту преку општеството – и токму затоа се моќни.

5 правила што ги научив поминувајќи време со најбогатите 0,01% луѓе во светот

Најуспешните луѓе се немилосрдни со своето време – времето за нив значи повеќе од парите

Кога велам ‘немилосрдни’ – мислат буквално. Најбогатите го третираат времето многу повеќе отколку парите. Не прифаќаат брзи состаноци или кафе без вистински мотив и причина. Времето е нивниот највреден ресурс, и не можат да си дозволат луксуз да го трошат на непотребни работи. Повеќето имаат асистент кој е чувар на нивниот распоред – не затоа што се поважни, туку затоа што разбираат дека секое ‘да’ е всушност ‘не’ за нешто поважно во нивниот живот или бизнис. Што е уште поважно: не се чувствуваат виновни поради поставувањето граници. Тие не бараат одобрување од другите, туку резултат. Најуспешната личност нема Instagram или Facebook. ‘Ако го погледнете вашиот календар — што ќе каже за вашата иднина?’

Најуспешните луѓе се немилосрдни со своето време – времето за нив значи повеќе од парите

Размислуваат за десетлетија напред, додека повеќето живеат за денес и оваа недела

Поголемиот дел од луѓето се фокусираат на оваа недела или месец, ретко на целата година. Но најбогатите размислуваат за наредните 10, 20 или 30 години. Размислуваат која индустрија ќе води за три децении, кои врски ќе останат вредни во иднината. Не бркаат брзи победи, не им се важни моменталните уживања. Градат живот, наследство и империја. Ваквото долгорочно мислење не е само стратегија, туку и психолошка заштита: кога размислуваш во децении, не дозволуваш лошата недела или месец да ти го уништи мирот. Како што пишува авторот: „Имав ужасен месец. Сега кога имам лош месец, не е крај на светот, зашто градам кон нешто многу подолгорочно.” Долгорочноста носи емоционална стабилност и е најдобра за менталното здравје.

Размислуваат за десетлетија напред, додека повеќето живеат за денес и оваа недела

Најбогатите луѓе се мајстори во кажувањето „не“ и ги избегнуваат сите што ги одвлекуваат од целта

Со успехот доаѓаат и повеќе луѓе кои сакаат нешто од тебе – време, внимание, партнерство или инвестиција. Но, овие луѓе од врвот воглавно одбиваат речиси сè: можности, идеи, партнерства. Зошто? Затоа што секој дополнителен ангажман е скапа дистракција. Работат на едно нешто и сè друго што не се совпаѓа 100% со нивната насока е ‘не’. Главната разлика: не одбиваат од его, туку затоа што имаат кристално јасна насока. Ако нешто не е јасно ‘да’, тогаш дефинитивно е ‘не’. Оние на врвот не се плашат дека ќе пропуштат нешто; единствениот нивен страв е да не бидат одвлечени од вистинската цел.

Најбогатите луѓе се мајстори во кажувањето „не“ и ги избегнуваат сите што ги одвлекуваат од целта

Тие се удобни со тоа да бидат погрешно разбрани, не жртвуваат свои цели за одобрување или популарност

Повеќето луѓе сакаат да се вклопат и да бидат сакани и разбрани. Но најбогатите не дејствуваат за да бидат прифатени, туку да постигнат резултати. Постои една изрека: „Најсветлите светла ги привлекуваат стрелите“ – кога успеваш, ти дефинитивно ќе бидеш мета за коментари. Овие луѓе се целосно во ред со тоа што ќе бидат погрешно разбрани или осудени. Зошто? Затоа што се разбираат себеси и знаат каде одат. ‘Ако треба сите да те разберат, никогаш нема да правиш смели потези. Ако треба сите да те одобрат, никогаш нема да преземеш вистински ризик.’ За да направиш нешто големо – мора да бидеш различен, а различноста секогаш носи и неразбирање.

Тие се удобни со тоа да бидат погрешно разбрани, не жртвуваат свои цели за одобрување или популарност

Не настојуваат да докажат дека се богати – богатството за нив е сопствен пат, не трофеј за покажување

Можеби најконтраинтуитивното правило: најбогатите луѓе не се обидуваат да покажат дека се богати. Пример: најбогатиот човек кој го познава авторот изгледа како сосема обичен 65-годишен дедо, чие богатство надминува 4 милијарди долари! Иако може да купи сè, тој намерно седи подалеку од очите на камерите и не носи скапи дијамантски часовници ниту вози Ламборџини. ‘Несигурното богатство е гласно, а сигурното — многу тивко.’ Најбогатите не бараат потврда од другите. За нив богатството е последица од тоа што се верни на себе и создаваат вредност, а не цел сама по себе. Животот кој го живеат е резултат на сопствените избори и пат. Продавањето на компанијата за нив би значело да престанат со она што го сакаат – а тоа никогаш не го сакаат.

Не настојуваат да докажат дека се богати – богатството за нив е сопствен пат, не трофеј за покажување

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *