Нова генерација автомобилски тркала од Hankook – се трансформираат како оригами и можат да одат на секаков терен

По речиси една деценија истражувања, Hankook заедно со експерти за биороботика од Универзитетот во Сеул и инженери од Харвард успеаја да создадат уникатен сет трансформирачки тркала, инспирирани од оригами водена бомба. Овие тркала драстично го менуваат својот дијаметар и се доволно цврсти да носат тешки товари, вклучително и цели автомобили.

Нова генерација автомобилски тркала од Hankook - се трансформираат како оригами и можат да одат на секаков терен

Од фантазија до реалност: Технологијата што овозможува дијаметар од 46 до 80 см и носи цел Jeep Wrangler

Тимот има направено комплетно функционални трансформирачки тркала инсталирани на демонстрациони возила. Овие тркала можат да го менуваат дијаметарот од 46 до 80 см, додека ја издржуваат тежината на целосно возило, како Jeep Wrangler. Градбата се базира на три слоја: дебела, флексибилна композитна мембрана што се преклопува според моделот на оригами водена бомба, а за издржливост и отпорност на абење, панелите без преклоп се опкружени со ласерски сечени алуминиумски фасети, кои ја држат најголемата површина цврста, освен на преклопните линии.

Од фантазија до реалност: Технологијата што овозможува дијаметар од 46 до 80 см и носи цел Jeep Wrangler

Принципот на работа

Во својата основна состојба, тркалата сами се собираат до минималниот дијаметар, а при хоризонтално притискање тркалото се проширува до максимумот, каде што внатрешни заклучувачки плочи обезбедуваат уште поголема цврстина. На возилата се монтирани притисочни плочи кои од внатрешноста притискаат на ѕидовите на јадрото, овозможувајќи промена на дијаметарот според потребата.

Принципот на работа

Кои се потенцијалните примени? Од преминување препреки повисоки од тркалото, до прилагодување на роботи за терен и брзина

Во демонстрација, тимот прикажува како тркалата може да им помогнат на мали роботи да се ‘спуштат’ и минат под ниски пречки или да се подигнат за побрзо и подинамично движење. Претходни прототипови имале и екстензии што излегуваат од тркалото и можат да помогнат возилото да совлада препреки што се многу повисоки од дијаметарот на самото тркало.

Се уште технологија за иднината: Нема комерцијална употреба, но можните примени на други планети се фасцинантни

Истражувачите напоменуваат дека флексибилната конструкција дава и одредена суспензија, но е тешко да се замисли практична употреба за патнички автомобили, дури и да се покријат алуминиумските плочи со гума. Дури и најновиот, помазен прототип, сепак остава впечаток на нерамно возење споредено со класичните тркала. Тимот вели дека не очекува комерцијален успех во блиска иднина, но истакнува дека во ситуации како екстремен офроуд или истражување планети оваа технологија би имала големо значење.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *