„Вежбам по 4 часа на ден за да се трансформирам во девојка од соништата на секој гејмер“
Свити Фокс, професионална ја открива нејзината исцрпувачка рутина за да остане во топ форма и да изгледа како девојка од соништата на секој гејмер. Нејзиниот пристап е радикален – вежба и до четири часа дневно само за да ја одржи својата форма на супер-хероина, што ја прави совршена за ликовите кои ги претставува.

Содржина:
- Стабилна ригорозна рутина: Плановите, исхраната и дисциплината се клуч за тело како нејзиното
- Строга исхрана и посветеност – ни најмалку простор за опуштање
- Причината за екстремната посветеност: Мечта на гејмерите и мажите и остварува фантазии на интернет
- Потребни се часови за трансформација: Маскирањето бара детали и посветеност
Стабилна ригорозна рутина: Плановите, исхраната и дисциплината се клуч за тело како нејзиното
„Тренингот е голем дел од мојот животен стил, не само нешто што го правам повремено – си го структурирам животот околу тоа, го планирам мојот распоред, исхрана и цела недела според моите вежби,“ вели 25-годишната Свити Фокс. За да ја одржи силната фигура, таа фокусирано работи на јачински вежби како мртво кревање, чучњеви, истрчувања и кревање на колковите, но останува активна и со лесно кардио или брзи прошетки. Лесно е да се помисли дека нејзиниот изглед е само резултат на добри гени или некои спорадични тренинзи, но таа е јасна: „Луѓето го гледаат резултатот и мислат дека е само добра генетика или неколку тренинзи тука-таму. Во реалноста, станува збор за години доследност – вежбање, диета, дисциплина и да бидеш тука дури и кога не ти е до тоа.“

Строга исхрана и посветеност – ни најмалку простор за опуштање
Во однос на исхраната, Фокс строго води сметка што внесува, ги брои калориите и внесува доволно протеини за да ги покрие напорите кои ги вложува во теретаната. Иако има совршено избалансирана рутина, и таа има денови кога ѝ недостасува мотивација, но за неа дисциплината значи дека „едноставно се појавуваш дури и кога си уморен или не си расположен.“
Причината за екстремната посветеност: Мечта на гејмерите и мажите и остварува фантазии на интернет
Додека за некои четири часа во теретана изгледаат екстремно, за Фокс тоа е неопходно, бидејќи од тоа заработува сериозна сума пари – таа ги исполнува машките фантазии преку маскирање во борбени хероини како Black Widow и Mikasa. „Навечер се облекувам како прекрасни, силни жени и публиката, особено машките фанови, го обожаваат тоа. Сакам да ја видат силата на мојот карактер, а не само костим – и заради тоа напорно работам за да ми биде телото во форма,“ потенцира таа.

Потребни се часови за трансформација: Маскирањето бара детали и посветеност
За да удоволи на фантазиите, Фокс признава дека во просек ѝ се потребни и до два часа за да се спреми, „во зависност од ликот, бидејќи некои бараат подетално шминкање, перики и прилагодување на костими.“ Што ја издвојува од другите креатори? Таа вели: „Она што ме разликува од другите е љубовта кон трансформациите. Моите фанови одлучуваат кој херој ќе го видат секој ден, а мојот строг тренинг го прави тоа пореалистично.“


Коментирај анонимно