Финска девети пат по ред е прогласена за најсреќна земја. На кое место е Македонија, што мислите?

Финска и оваа година останува на врвот. Според Светскиот извештај за среќа за 2026 година, оваа нордиска држава деветти пат по ред е прогласена за најсреќна во светот. Извештајот, кој традиционално се објавува во пресрет на Меѓународниот ден на среќата на Обединетите нации, ги рангира над 140 земји според тоа како граѓаните ја оценуваат сопствената среќа. Македонија оваа година се најде на 86-то место со оценка од 5.5 поени од максимални 10, далеку зад водечките држави.

Финска девети пат по ред е прогласена за најсреќна земја. На кое место е Македонија, што мислите?

Скандинавските земји доминираат меѓу најсреќните, Финска, Исланд и Данска на самиот врв

Финска е број еден и оваа година, следена од веќе познатата група најсреќни земји: Исланд на второто место и Данска на третото, со Шведска на петтото и Норвешка на шестото место – Скандинавија повторно покажува стабилност. Финците пријавиле просечна оцена за среќа од 7.764 од 10, значително повеќе од повеќето други држави.

Скандинавските земји доминираат меѓу најсреќните, Финска, Исланд и Данска на самиот врв

Среќата не е само богатство: Довербата и заедницата најважни фактори за среќа според истражувачите

Доминацијата на нордиските земји не се должи само на нивниот стандард – според извештајот, клучни фактори се довербата меѓу граѓаните, здравиот животен век, слободата, дарежливоста и перцепцијата за корупција. „Кога станува збор за среќата, создавањето на добри работи во животот е поважно од откривањето и поправањето на лошите,“ изјави Џон Ф. Хелиуел, еден од главните уредници на извештајот.

Среќата не е само богатство: Довербата и заедницата најважни фактори за среќа според истражувачите

Костарика дебитира на највисоко место досега, Англофонските земји испаѓаат од топ 10 најсреќни

Костарика оваа година прави голем скок и се искачи на четвртото место, што е највисок пласман во историјата на една латиноамериканска земја во оваа листа. Швајцарија повторно се враќа во првите десет, на десеттата позиција. Од друга страна, англиското говорно подрачје доживува втор пораз по ред – ниту една од овие земји не се најде во топ 10, а само половина се меѓу првите 20. Нов Зеланд е 11-ти, Ирска 13-та, Австралија 15-та, САД 23-ти, Канада 25-та и Велика Британија 29-та.

Костарика дебитира на највисоко место досега, Англофонските земји испаѓаат од топ 10 најсреќни

Војната и сиромаштијата ги влечат земјите надолу – Авганистан и понатаму најнесреќен на светот

На дното на листата остануваат земјите погодени од војна и кризи. За 2026 година, Авганистан повторно е последен, а по него следат Сиера Леоне на 146-то и Малави на 145-то место, потврдувајќи колку конфликтите и сиромаштијата влијаат врз општата среќа.

Војната и сиромаштијата ги влечат земјите надолу – Авганистан и понатаму најнесреќен на светот

Младите во САД, Канада и Австралија посочуваат најголем пад на среќата – глобалниот тренд е спротивен

САД оваа година се на 23-тата позиција – позиција подобра за едно место од минатата година, но во контекст на децениски пад. Главна причина: младите под 25 години. Извештајот посочува дека задоволството кај младите во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд бележи драматичен пад изминатата деценија. Сепак, тоа не е глобален тренд – во најголем дел од светот младите се посреќни денес отколку пред 20 години. „Поголемиот дел од младите низ светот денес се посреќни отколку пред 20 години, и тоа е тренд што заслужува внимание“, порача Јон Клиф¬тон, генерален директор на Gallup.

Социјалните мрежи под лупа: умерената употреба носи корист, но претераната употреба – непосакувани ефекти

Главен фокус на извештајот за 2026 година е влијанието на социјалните мрежи врз благосостојбата, особено кај младите. Умерена употреба (под еден час дневно) носи поголема среќа од целосно избегнување, но интензивната употреба се поврзува со намалување на задоволството од животот, особено кај тинејџерите. Не сите платформи имаат ист ефект: оние што стимулираат поврзаност носат позитивни резултати, а платформи кои се базираат на алгоритамски содржини и инфлуенсери често водат до чувства на стрес и споредување. „Глобалните докази јасно покажуваат дека врската меѓу користењето на социјалните мрежи и нашата благосостојба зависи од тоа кои платформи ги користиме, кој и како ги користи, и колку време се поминува на нив. Претераното користење е поврзано со многу поголемо незадоволство, но и комплетното исклучување значи губење некои позитивни ефекти,“ објасни Јан-Емануел Де Неве, уредник на извештајот.

Силните врски и припадноста имаат поголемо влијание од социјалните мрежи врз среќата

Извештајот посочува дека вистинските социјални врски имаат далеку поголемо влијание врз општото чувство на среќа отколку времето поминато на екран. Дури и кога социјалните мрежи имаат улога, тие се само дел од целата слика. Истражувачите предупредуваат дека врската меѓу технологијата и благосостојбата е комплексна и зависи од начинот и контекстот на користење.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *