Бугарите одат кај Трамп да ги прими како 51-ва американска држава (виц)
Отишла бугарска делегација кај Трамп со едно единствено барање: Бугарија да стане 51-вата американска држава.
Трамп никогаш не слушнал за Бугарија, па решил да ја истражи малку историјата на земјата, пред да донесе одлука. Отворил една од дебелите книги и чита:
„Бугарија е земја, со богата традиција, интересна култура и трагична историја на ропството. Била освоена од Римското Царство, но набрзо потоа Римското Царство се распаднало. Потоа паднала под византиско ропство и набрзо потоа Византија засекогаш исчезнала од светската мапа. Паднала паднала под османлиско ропство, но по некое време се распаднала и Отоманската Империја. Била во сојуз со Хитлер, но и Германија претрпела пораз и се поделила на две половини. Потоа била под „пријателска“ закрила на Советскиот Сојуз, но и тој се распаднал…“
Доналд Трамп престанал да чита и им рекол на Бугарите:
„Абе вие каде и да влезете ја растурате државата. Марш да не ве гледам!“

Коментирај анонимно