Плазма колачиња со бело чоколадо – толку вкусни што ги надминуваат и рафаело!
Овој рецепт ќе ве освои со својата едноставност и неодолив вкус. Плазма колачињата со бело чоколадо се совршени за секоја прилика и вистински предизвик дури и за најпрефинетите непца. Колачиња кои се подготвуваат брзо, без печење и бараат само неколку состојки кои сите ги обожаваме.

Содржина:
Потребни состојки за плазма колачиња со бело чоколадо
За овие превкусни колачиња ви се потребни следните состојки:
• 200 г вафли или обланди
• 70 г плазма
• 3 лажици маскарпоне сирење
• 20 г ренданимили мелени кокосови трошки
• 90 г бело чоколадо
• 2,5 супени лажици кондензирано млеко
• кокос за декорација
Начин на подготовка
Во голем сад измешајте ги вафлите или обландите, плазмата и ренданиот кокос. Додајте го маскарпоне сирењето и кондензираното млеко, па добро промешајте додека сите состојки не се соединат во компактна смеса. Од добиената смеса направете топчиња или облици по желба – може да ги оформите како топки или правоаголници.

Секое колаче добива полнење од растопено бело чоколадо и богат вкус на кокос
Кога ќе ги оформите сите колачиња, со прст или малку лажиче направете вдлабнатина во средината на секое колаче. Растопете го белото чоколадо (на пареа или кратко во микробранова) и нежно наполнете ги вдлабнатините на колачињата. По желба, декорирајте ги со уште малку рендан кокос за дополнително освежување на вкусот. Оставете ги неколку минути да се стегнат и колачињата се подготвени за сервирање и уживање со најблиските.

Коментирај анонимно