Црната мувла во Чернобил се храни со смртоносната радијација – преживува таму каде што човекот не смее ни да се приближи Кристина Гиева

Кога експлодираше реакторот број четири во Чернобил, се случи најголемата нуклеарна катастрофа во историјата — катастрофа од која околината сѐ уште не се има целосно опоравено.
По несреќата во украинската нуклеарна централа, научниците што работеа во уништените остатоци на Реакторот 4 открија чудна црна мувла што растела по ѕидовите на зградата, и покрај опасно високите нивоа на радијација околу неа.
Всушност, изгледаше дека радијацијата воопшто не ѝ штети на оваа габа — напротив, таа растеше во средини каде што ниту еден човек не би можел да преживее.
Кралското здружение за биологија дури тврди дека оваа пријателска габа „јаде гама-радијација за појадок“, што навистина звучи како нешто кул — откако научниците забележале дека габата дури и активно барала подрачја со повисока радијација.

 

Црн габa од Чернобил ја претвори смртоносната радијација во сопствена предност и можеби преживува таму каде што човекот не смее ни да се приближи

Која е црната мувла откриена во реакторот 4 во Чернобил?

Нејзиното официјално научно име е Cladosporium sphaerospermum — што е понаучен начин да се нарече отколку едноставно „црната работа што расте по ѕидовите во Чернобил“.
Габата била позната и проучувана уште пред еден век, многу пред Чернобил, но повеќето луѓе би се држеле настрана од неа — иако, можеби таа може да биде навистина корисна.
Без разлика за што би можела да се искористи, неоспорно е дека по катастрофата во Чернобил, оваа габа се нашла во средина каде што не само што можела да преживее, туку и да напредува.

Која е црната мувла откриена во реакторот 4 во Чернобил?

Зошто црната габа консумира гама-радијација?

Еве го „научниот дел“: оваа црна габа од Чернобил припаѓа на семејство наречено радиотропни габи — организми што можат да се хранат со јонизирачка радијација, што е навистина фасцинантно.
Едно истражување покажало дека овие габи можат буквално да „јадат“ радијација и да ја користат како извор на енергија за да продолжат со своите биолошки процеси.
Тоа е нешто слично на фотосинтезата кај растенијата, каде што тие ја користат сончевата светлина за да го одржат својот метаболизам — само што тука, наместо светлина, се користи јонизирачка радијација.
Овој процес е познат како радиосинтеза, и во Чернобил навистина има многу радијација што чека да биде „изедена“.
А зошто сето ова функционира? Се смета дека сето тоа е благодарение на меланинот — пигментот што на луѓето им ја дава бојата на кожата и очите.
Cladosporium sphaerospermum има темна обвивка составена од слоеви меланин, кој ја апсорбира енергијата од радијацијата и ја користи за растење.

Габата не само што ја преживува радијацијата туку и расте побрзо под нејзино влијание, а меланинот ѝ служи како биолошки штит

Радиофармакологот Екатерина Дадачова и имунологот Артуро Касадевал од Колеџот “Алберт Ајнштајн” во САД водеа истражување каде открија дека изложувањето на C. sphaerospermum на јонизирачка радијација не ја оштетува габата, туку напротив, таа дури и пораснала побрзо. Јонизирачката радијација може да уништи ДНК, биохемиски реакции и молекули кај луѓето, но кај оваа габа таа е како стимуланс. Дополнителни експерименти во 2008 година покажаа дека меланинот си менува однесувањето при радијација, што пак се протолкува како можност овој пиѓмент да ја врши улогата на хлорофилот кај растенијата – собирање енергија, но и заштита од штетното влијание.

 

Истражување од 2022 на Меѓународната вселенска станица покажува дека габата ја блокира дел од вселенската радијација – потенцијална природна заштита за астронаути

Следниот чекор за научниците беше да проверат дали и во екстремите на вселената оваа габа пројавува исти својства. На примерок од C. sphaerospermum, поставен на надворешноста од Меѓународната вселенска станица, сензорите измерија дека низ габата поминува помалку радијација отколку низ контролна чинија без габа. Иако целта на оваа студија не беше докажување на радиосинтеза, туку тестирање на габата како заштитен слој за астронаути, сепак непознато останува како точно таа се снаоѓа во присуство на пуста радијација.

Научниците сеуште немаат докази за радиосинтеза – енергетска корист од јонизирачка радијација останува мистерија

Иако претпоставката за радиосинтеза е фасцинантна и звучна како од научна фантастика, сеуште нема потврда дека габите користат јонизирачка радијација за вистинска продукција на енергија или врзување на неоргански јаглерод. “Вистинска радиосинтеза засега не е докажана, ниту редукција на јаглеродни соединенија во поенергетски форми или фиксација на неоргански јаглерод одредена од радијација,” стои во истражување водено од инженерот Нилс Авереш од Универзитетот Станфорд.

Не сите црни габи се способни за ова: други видови само ја зголемуваат продукцијата на меланин, а не растот под радијација

C. sphaerospermum не е единствената меланизирана габа што покажала отпорност или реакција на јонизирачка радијација. Црниот квасец Wangiella dermatitidis пораснал побрзо под радијација, додека Cladosporium cladosporioides произведува повеќе меланин, но не расте побрзо. Ова укажува дека појавата не е универзална и дека C. sphaerospermum е исклучок.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *