Му рекле дека ќе живее уште шест месеци. Тоа беше пред десет години. Како Лука го победи ракот со медицински печурки и сега им помага на сите
Лука од Валпово, мало место крај Осиек, ја слушна најстрашната дијагноза кога имаше само дваесетина години: рак на тестис со метастази на белите дробови, лимфните јазли, црниот дроб, колковите, дури и главата. Прогнозата беше дека има уште најмногу половина година живот. Денес, по десет години, живее здраво меѓу планините на Папук и ја води Funghezia, компанија за медицински печурки, со желба да им помогне на сите што се соочуваат со истата болест.

Содржина:
- Дијагноза која го промени целиот негов живот: рак со метастази на сите страни
- Прогноза од само шест месеци живот и последна операција што не го сруши
- Медицинските печурки што спасуваат животи се стандард во Јапонија, но кај нас малкумина слушнале за нив
- Од благодарност до создавање на Funghezia: компанија за лековити печурки основана за да помогне на другите
- Лука сега живее исполнет и здрав живот – посилен од било кога и посветен да помага на другите
Дијагноза која го промени целиот негов живот: рак со метастази на сите страни
Сè почнало со болка во десниот дел од грбот, тивка и упорна. Лука, уште многу млад, почнал често да оди по лекари. Добивалантибиотици, дијагноза песок во бубрегот — но болката не исчезнувала, туку се влошувала. Конечно, напипал грутки на десниот тестис. Откако на докторката ѝ го кажал тоа, бил пратен на дополнителни испитувања, по што пристигнала кобната дијагноза: рак на тестис со метастази во белите дробови, лимфните јазли, црниот дроб, колковите, главата. “Од шок едвај успеав да дојдам дома и да им ја соопштам веста на семејството. И тие, исто како и јас, не можеа да веруваат — месеци по ред одев кај лекари и специјалисти, а никој не видел ништо.”

Прогноза од само шест месеци живот и последна операција што не го сруши
По неколку дена Лука правел операција при која го отстраниле туморот, но токму тогаш започнала вистинската борба – со болеста, но и со психата. Метастазите биле на речиси сите органи, а прогнозата била најмногу шест месеци живот. Почнале збогувањата. “Местото на гробиштата речиси веќе било ископано.” Но Лука не се предаде.

Медицинските печурки што спасуваат животи се стандард во Јапонија, но кај нас малкумина слушнале за нив
Веднаш по излегување од болница, Лука почнал со природни терапии: лековити печурки Shiitake, Reishi, Cordyceps Militaris, растителни масла, сирово-веганска исхрана, разни чаеви и билни препарати. Ден после роденден имал хемотерапија. Бил подготвен на најлошо – повраќање, оштетување на органи, тотално слаб имунитет. Но, го истражувал дејството на лековитите печурки. Додека во Хрватска ова било целосно непознато, во Јапонија 13 регистрирани лекови на база на печурки се веќе стандардна интравенска терапија со хемотерапија. Лука пиел 16 капсули на ден од три вида печурки, по 750 мг во секоја капсула. Резултатот: хемотерапијата и паметните лекови почнале да делуваат веднаш; без повраќање, имунитетот не се намалил, органите не биле оштетени. На крајот – целосно излечен. “На општо изненадување на лекарите и на сите кои ме познаваа.” Тој знаеше зошто поминал така добро – и реши да не го задржи само за себе тоа знаење.

Од благодарност до создавање на Funghezia: компанија за лековити печурки основана за да помогне на другите
Две години по излекувањето, од благодарност за чудото на природата, кај Лука се роди идејата за Funghezia. Со парите што ги имал на страна купил лабораториска опрема за екстракција на печурки, за да направи подобар производ од оној што самиот го користел. „Не знаев точно во што се впуштам, но знаев едно – сакам да направам најдобар можен производ од лековити печурки.” Целта му е да живее стотина години, а до тогаш – секојдневно да работи на подобри и посилни екстракти, помагајќи им на илјадници болни и здрави луѓе да го сочуваат најважното – здравјето. Денес Funghezia е компанија за производство на лековити печурки и висококвалитетни екстракти. Зад секој производ стои приказната за момче кое никој не веруваше дека ќе преживее.

Лука сега живее исполнет и здрав живот – посилен од било кога и посветен да помага на другите
Десет години по ужасната дијагноза, Лука редовно прави контроли и живее живот исполнет со здравје среде планините на Папук – токму како што отсекогаш сонувал. Чувствува дека е поздрав од кога и да е, без ниту една тегоба. “Вистина е – здравиот човек има илјада желби, но болниот – само една.” Ова се негови лични искуства со болеста и лекувањето.
Секоја личност и секој случај се уникатни – ако се соочувате со дијагноза, консултирајте се со вашиот онколог!
А доколку сакате повеќе да дознаете за медицинските печурки можете на овој ЛИНК.


TPA TM Tiruriruuuruuuuu Rpa-pupa rpa-pa rpa-pa cka,cka ckacaaa cka,cka ckaaacaa TiruriruuuruuuuuRIRIRIRIRIiiiiiii
Tka tka tkata tka tka tkata tka tka tkata (Idemeeeee)
CRNE KO SE, noooooooooooge boooooooooooosssssse
O KO VRAaaaaaaTA djindjuveod zlaaaaaaaaaaaaaaataAAAAAA
s’rukom vo LI, ritam booooooOOOoooooliiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiii
suknja leeeeeeeeeeeTI k’o najludji sAAAAAAAAAAAAAAa N
a podsuknjom ciganskiiiiii duCan!!!!!!!!!!
({puta 2 teras volove za rogove}
Коментирај анонимно