Синовите на Вера, готвачката на Тито, водат успешен македонски ресторан во Мелбурн, со многу јако име ЛеЛее
Синот на Вера е горд да ја сподели приказната за својата мајка, која ја одбрале како ученик-готвач за саканиот поранешен југословенски претседател Јосип Броз Тито. Денес, таа ја продолжува традицијата на автентичната македонска кујна во Мелбурн, во ресторанот ЛеЛее.

Содржина:
- Македонската кујна – комбинација од најдобрите вкусови на Медитеранот, Блискиот Исток и Источна Европа
- Браќата Мики и Игор Додевски го отворија ЛеЛее за да ја понудат храната која секое македонско семејство ја јаде секој ден
- Вера, професионален готвач 45 години, сега ја води кујната во ЛеЛее според македонската традиција
- Традиционалната македонска трпеза: мезе, тавчиња и мешано месо – рај за љубителите на јадењата со месо
- Половина гости се Македонци, а другите се локални Австралијци – секој го цени автентичниот македонски вкус на ЛеЛее
Македонската кујна – комбинација од најдобрите вкусови на Медитеранот, Блискиот Исток и Источна Европа
Дури и ако не знаете ништо за македонската кујна, ќе бидете изненадени колку познато ќе ви се стори. Замислете спој од Блискиот Исток и Медитеранот, со малку источноевропски додаток. Макеоднската кујна е богата културна мешавина од најдобрите вкусови и традиции на готвење, создавајќи еден уникатен кулинарски спој кој ги обединува најстарите европски цивилизации.

Браќата Мики и Игор Додевски го отворија ЛеЛее за да ја понудат храната која секое македонско семејство ја јаде секој ден
„Ова е ресторан кој сакавме да го создадеме многу одамна“, вели Мики. Браќата прво отворија кафуле неколку години за да го тестираат теренот, а потоа го лансираа ЛеЛее во март 2019. „Беше едноставно. Сакавме да прикажеме што јадеме дома и што најчесто јадат сите македонски семејства. Ништо различно, само што поавтентично искуство“, истакнува тој.
Вера, професионален готвач 45 години, сега ја води кујната во ЛеЛее според македонската традиција
„Мајка ми беше професионален готвач 45 години: 20 во Македонија и 25 откако не пренесе овде кога имав околу 14 години“, раскажува Мики. Вера е скромна, но Мики со гордост ја споделува нејзината приказна – таа била избрана како ученик-готвач за претседателот Јосип Броз Тито. Денес таа бдее над кујната во ЛеЛее и внимава сите рецепти да се изведуваат токму како што велат македонските традиции.
Традиционалната македонска трпеза: мезе, тавчиња и мешано месо – рај за љубителите на јадењата со месо
Типично македонско јадење започнува со маса преполна разни мезиња, како баничка, таратор, плато со маслинки, а како деликатес и пржени тиквички со арома на лук. Потоа следат богати јадења со скара и тави, месо во комбинација од свинско и пилешко, сето приготвено со традиционални македонски зачини: лук, магдонос и сушени црвени пиперки. „Има една изрека на македонски,“ раскажува Мики, „слободен превод е – лавот не е цар на животните, туку свињата“.
За љубителите на месо, ЛеЛее е вистинско место за уживање.
Половина гости се Македонци, а другите се локални Австралијци – секој го цени автентичниот македонски вкус на ЛеЛее
Денеска, клиентелата во ЛеЛее е поделена – 50% од македонската заедница, а 50% се локални мелбурнци. „Менито прво го тестиравме на нашата заедница,“ вели Мики со насмевка, „кога тие го засакаа, знаевме дека сонот ни е на вистинскиот пат.“

Коментирај анонимно