10 признаци дека си Македонец (виц)
- Родителите се грижат за тебе додека не станеш полнолетен на 48 години.
- Носиш тренерка со четири линии и натпис Adigas.
- Весникот дома е „предмет со двојна употреба“.
- Сметаш дека единствениот полош човек од политичарите е Елмас, кој повторно не можеше повторно да постигне гол.
- Одиш во викендичката на работа наместо на одмор.
- Ако турнеш некого на улица, велиш „упс“ или евентуално „пази бе“.
- Го сметаш ескалаторот за најголемо достигнување на цивилизацијата.
- Сомничав си кон банкоматите, Wi-Fi и автоматските врати.
- Гледаш вести и разговараш со телевизорот пцуејќи.
- На секој виц одговараш со „Го знам, ама на друг начин“.
Доволно е да исполниш барем 2 од горенаведените, за со сигурност да може да се утврди дека си Македонец.

Коментирај анонимно