Марјан Пејоски, македонецот зад легендарниот фустан на Бјорк, меѓу најконтроверзните изгледи на Оскарите

Секоја година, црвениот тепих на Оскарите е повеќе од филмски спектакл – тој е сцена каде модата често зборува погласно и од самите награди. И не секогаш на убав начин: дел од најиконичните изгледи првично беа жестоко исмејувани, претворани во мемиња и редовни на листите за најлошо облечени. Но времето си го прави своето. Денес, токму тие комбинации се сметаат за храбри, влијателни и незаборавни. Од лебедовиот фустан на Бијорк, дело на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, до превртениот костум на Селин Дион – ова се приказните за модните моменти што засекогаш го обележаа црвениот тепих.

 

Лебедовиот фустан на Бијорк од македонскиот дизајнер Марјан Пејоски – од потсмев до модна слава

На Оскарите во 2001 година, додека „Гладијатор” ја освојуваше главната награда и Расел Кро славеше победа, сите очи беа вперени во Бјорк и нејзиниот веќе-легендарен “лебедев фустан”. Овој ту-ту фустан со лебед околу вратот, создаден од македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, беше придружен и со јајца како украс. Модниот критичар Стивен Кожокару го осуди: „Ова е една од најглупавите работи што некогаш сум ги видел.“ По две децении, фустанот има своја Википедија страница и инспирира бројни естрадни и поп културни омажи, од RuPaul’s Drag Race до Rosalía.

Лебедовиот фустан на Бијорк од македонскиот дизајнер Марјан Пејоски – од потсмев до модна слава

Страјсенд проѕирниот пижама-комплет на Арнолд Скаси – случаен шок и модна сензација

Комбинацијата што Барбра Страјсенд носеше во 1969 година под светлата на Оскарите се покажа како речиси целосно проѕирна. Дизајнерот Арнолд Скаси, познат по тоа што облекувал и американски први дами, креираше пижама-комплет од шифон што ја шокираше јавноста. Кога Скаси почина во 2015 година, Страјсенд напиша: „Создаде толку многу феноменални комбинации за мене низ годините, но, за жал, само една ти ја донесе славата… Бев засрамена, но навистина беше оригинално за тоа време.“

Страјсенд проѕирниот пижама-комплет на Арнолд Скаси – случаен шок и модна сензација

Шер и одмазничката комбинација на Боб Маки – кога модата е политички протест

Во 1986 година, Шер се појави во впечатлив сет со бра-топ, откриен стомак и драматично перјесто капаче, дизајниран од Боб Маки. Но ова не беше само моден избор, туку порака: Шер беше разочарана што не беше номинирана за улогата во „Маска“ и реши тоа јасно да го покаже. На сцената духовито изјави: „Како што гледате, ја добив мојата академска брошура за тоа како да се облекуваш како сериозна актерка.“

Шер и одмазничката комбинација на Боб Маки – кога модата е политички протест

Шерон Стоун го докажа потенцијалот на „хај-лоу“ модата со 22-доларскиот џемпер од Gap

Едноставен џемпер од Gap, вреден само 22 долари, стана симбол на ненаметлива елеганција благодарение на Шерон Стоун. Причината била сосема практична: оригиналниот фустан ѝ бил оштетен откако доставувачот случајно го прегазил. Со помош на костимографката Елен Миројник, Стоун сама ја составила комбинацијата од омилените парчиња. Во 1998 година повторно го искористи истиот пристап, овојпат со бела кошула и сатенско здолниште.

Шерон Стоун го докажа потенцијалот на „хај-лоу“ модата со 22-доларскиот џемпер од Gap

Селин Дион во костум наопаку од Џон Галијано – од најлошо облечена до моден класик

Во време кога женските панталонски костуми на црвениот тепих беа реткост, Селин Дион се појави во комбинација што дополнително ги помести границите – со сако облечено наопаку. Костумот, дело на Џон Галијано, во 1999 година ја смести на листите за најлошо облечени. Денес, пак, се смета за вистински оскараски класик. Дион во 2017 година изјави за People: „Ако го направам ова денес, би функционирало.“

Селин Дион во костум наопаку од Џон Галијано – од најлошо облечена до моден класик

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *