Маратонецот Дарио Ивановски блесна на Белградскиот маратон – заврши второ место и ја потврди својата доминација на Балканот (видео)
Победник на 39-то издание на маратонот беше Етиопјанецот Гудет Гад Гемсис, кој ја истрча патеката за 2:09:11 и постави нов рекорд во трката. Сепак, борбата за врвот, во која Ивановски одржуваше високо темпо рамо до рамо со докажано најсилната светска конкуренција, привлече големо внимание.
Македонскиот претставник и рекордер на Балканот (личен рекорд 2:08:26) ја заврши трката на второто место со време од 2:09:35, што го потврдува неговото постојано присуство на самиот врв на европското трчање на долги патеки.
Ивановски уште еднаш покажа дека може да трча во темпото на африканските фаворити, кои традиционално доминираат на долги патеки, и дека останува еден од најстабилните и најквалитетните маратонци во регионот.
Инаку, главната трка собра вкупно 2.350 учесници, а целиот маратонски викенд во Белград вклучуваше дури 14.500 натпреварувачи од 79 земји.

Коментирај анонимно