Тамара Темелковска за кобната вечер во Кочани: „Самата не се гледав, но кога ги видов другите сфатив колку е сериозно“

Тамара Темелкова е една од преживеаните од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Покрај сите физички и емоционални повреди, таа ја изгуби и косата — дел од нејзиниот изглед со кој се идентификувала.

„Кога се вратив од болница, изгледот ми беше сосема променет. Ми беше чудно, но со време се навикнав и се прифатив таква каква што сум”, вели Тамара.

Во ова видео, таа искрено раскажува за кобната вечер — што се случило, како се чувствувала и како продолжила напред.

Нејзината порака до сите кои минуваат низ тешки моменти е едноставна: „Прифатете се такви какви што сте — така сте најубави.”

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *