Нов пешачки мост се урна за време на неговото свечено отворање во Колумбија, осум лица повредени
Нов пешачки мост во Багадо, Колумбија, се урна за време на неговото свечено отворање на 19 април, додека граѓани поминувале по него. Според првичните информации, мостот почнал да се ниша пред да се сруши во реката, при што осум лица се повредени. Неколку од нив биле пренесени во болница, но нема загинати.
Се претпоставува дека до несреќата дошло поради преголем број луѓе на мостот во исто време, што довело до попуштање на конструкцијата. Мостот, долг над 80 метри, бил наменет да поврзе делови од населбата. Надлежните институции започнаа истрага за да се утврдат причините и евентуални пропусти во изградбата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно