Американците открија нов тренд: ги исфрлија житарките од појадокот и почнаа да јадат чорба. Балканците се прашуваат што е овде новото?
Традиционалниот „појадок на шампионите” во Америка веќе не доаѓа задолжително од кутија со житарици. Сѐ повеќе Американци изненадуваат со нов тренд – наместо ладен појадок, избираат нешто топло и солено. Супата, некогаш резервирана за ручек или вечера, станува новиот избор за првиот оброк од денот, во настојување да се добие избалансиран, полн со протеини оброк наместо шеќер и преработени јаглехидрати, кои водат кон брзи енергетски врвови и падови.
На Балканот, пак, оваа „револуција” поминува прилично незабележано. Додека американските нутриционисти слават откритие, балканската баба веќе децении наназад знае дека нема подобар почеток на денот од чинија топла чорба. Никој не ѝкажал дека тоа е тренд — за неа, тоа е едноставно доручек.

Содржина:
- Готвачката Сузи Карашде открива: Супите се древен појадок во Медитеранот и Азија, а помагаат за борба против воспаленија и подобра хидратација
- Нутриционистката Кат Чан препорачува: Топол појадок подобро се вари и обезбедува стабилна енергија
- Диетологот Лиса Московиц: Супата може да донесе протеини, антиоксиданси и хидратација, но внимавајте на солта
- Супата за појадок е и економска и практична, а сѐ повеќе Американци ги напуштаат слатките и евтини житарици
Готвачката Сузи Карашде открива: Супите се древен појадок во Медитеранот и Азија, а помагаат за борба против воспаленија и подобра хидратација
Готвачката и авторка Сузи Карашде, креатор на The Mediterranean Dish, оваа година на ТикТок ја промовираше идејата за супа за појадок, нарекувајќи ја „древен лек“ кој се користел низ различни култури со векови. „Тоа е одличен начин за борба против воспаленија уште наутро и хидрира многу подобро од водата“, истакна Карашде во своето видео, додавајќи дека супата може да го започне варењето без шеќерен пад. Таа потсети дека овој концепт не е толку чуден надвор од Америка – супа и чорба се рутински појадоци во Медитеранот и Азија.

Нутриционистката Кат Чан препорачува: Топол појадок подобро се вари и обезбедува стабилна енергија
Нутриционистката Кат Чан во неодамнешна статија во Substack насловена „Зошто да јадете супа за појадок?“ наведува дека за многу луѓе оваа идеја ги крши правилата за појадок, но сепак ја препорачува. “Од аспект на нутритивната терапија, топлите оброци често се полесни за варење од ладните, особено ако веќе ви е студено”, напиша Чан. Додаде и дека топол, солен оброк може да даде протеини, масти и растителни влакна кои поддржуваат стабилно ниво на шеќер и енергија. Рече дека телото најдобро ја користи храната за енергија токму наутро, па избалансиран појадок како супа може значајно да помогне.
Диетологот Лиса Московиц: Супата може да донесе протеини, антиоксиданси и хидратација, но внимавајте на солта
„Јас велам ‘Зошто да не?’ на супата за појадок“, изјави Лиса Московиц, лиценциран диетолог од Њујорк и основач на NY Nutrition Group. “Во зависност од состојките, супата може да понуди мноштво хранливи материи – од протеини до растителни влакна и антиоксиданси. Добар појадок мора да содржи нутриенти кои го балансираат шеќерот во крвта и даваат енергија, како што се влакна и протеин“, истакна таа. Московиц препорачува да се избере немлечна супа богата со зеленчук, чист протеин и свежи зачини, како пилешко, мисиркино, тофу или јајца (на пример, јајчена супа). Дополнителна предност е хидратацијата поради течностите и електролитите во супата. Единствената забелешка: внимавајте на количината на сол, особено ако имате проблем со висок притисок.
Супата за појадок е и економска и практична, а сѐ повеќе Американци ги напуштаат слатките и евтини житарици
Освен здравствените бенефити, експертите посочуваат дека цената и практичноста придонесуваат за популарноста на овој тренд. Една обична чинија супа може да биде многу поевтина ако се приготвува дома – дозволува подготовка во поголеми количини со зеленчук, бујон и извор на протеин. Лејси Баир од Тексас, креаторка на блогот “A Sweet Pea Chef”, смета дека промената кон повеќе цели, протеински оброци наместо преработени житарици е позитивна. „Дури и ако трендот со супите не трае долго, овој правец е добар“, истакна Баир, автор на претстојната книга „Cleanish Meal Prep: High-Protein Recipes for Real Life“.

Коментирај анонимно