Хотелските гости во шок: Како навистина се прави кајганата која следува со бесплатниот доручек

Патниците и љубителите на храна ширум светот се згрозени откако беше откриен начинот на кој хотелските готвачи подготвуваат омлети за бесплатните континентални појадоци. Иако храната е бесплатна, гостите најчесто плаќаат со сопственото гадење и неверување кога го гледаат вистинскиот процес на подготовка.

 

Хотелските гости во шок: Како навистина се прави кајганата која следува со бесплатниот доручек

 

Зошто видеото на готвачката Лиз остави милиони во неверување

„Направете хотелски омлет со мене”, напиша Елизабет Емерт – Лиз, работничка во кујната на анонимен хотелски синџир, во видеото што го погледнаа речиси 12 милиони луѓе. Таа предупреди: „Можеби никогаш повторно нема да сакате да ги пробате.“ Наместо да користи свежи јајца, Лиз извади запечатена кеса со жолта смеса – и едноставно ја фрли во микробранова печка.

По неколку минути во микробранова, лепливата маса станува повеќе цврста. Лиз ја засече кесата и целата содржина ја истури на црн плех. Со жичен дробач ја уништи масата на ситни парчиња, со што финалниот изглед навистина личи на омлет – само без сирење, зеленчук или зачини.

 

Дегустацијата ги згрозува гледачите: „Што е ова, за Бога?“

Реакциите на гледачите беа жестоко негативни: „Што е ова, за Бога?“ – праша еден. „Ова ми го уби апетитот,” призна друг. „Ова е болно!“, коментира трет. Други пак се пошегуваа: „Тајна состојка: микропластика.“ Некои дури забележуваат дека ваквото чување и загревање на храната во пластика може да биде штетно за здравјето.

Но, се најдоа и такви кои не беа потресени од откритието. „Дали сум само јас што не ми смета ваква подготовка? Ако е вкусно, не ме интересира како е направено“, напиша еден. “Па, и онака е бесплатно со ноќевањето, нема да се жалам,” додаде друг.

Некои искрено признаа дека очекувале полошо: „Мислев дека ставаат само прав за јајца, но ова се течни јајца од тетрапак – јајца кои се веќе излупени и изматени.“ Ова, сепак, ги прави далеку поавтентични од она што многумина претпоставувале.

Некои патници веруваат дека не е до начинот туку до вкусот: „Најдобар појадок бесплатно сум јадел во хотел во Палм Дезерт, сам си правиш бурито.“ Други споделуваат: „Седев по цели недели во Holiday Inn Express, а омлетот е добар.“ На крајот, изборот е ваш – ќе продолжите ли да јадете хотелски појадок?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *