Како мажот прави скара за 1-ви мај? (виц)
1. Жената оди до продавница и купува сѐ што е потребно.
2. Жената ја прави салатата, го лупи и сече компирот и го прави десертот.
3. Жената го сече и зачинува месото за скарата, го реди во чинија и го носи на скарата каде што ја чека мажот седнат со пивото во раката.
4. Мажот го реди месото на скарата.
5. Жената влегува дома да го испржи помфритот и да ја намести масата.
6. Жената излегува од дома и му кажува на мажот да го извади месото, оти е гототво, да не загори.
7. Мажот го става месото во чинија и ѝ го дава на жената.
8. Жената го става месото на масата и го сервира за јадење.
9. Сите го фалат мажот дека многу убаво ја испекол скарата, и ѝ кажуваат на жената, колку е среќна со таков маж.
10. После јадењето жената ја раскрева масата и ги мие чиниите.
11. Мажот оптегнат на каучот со пиво во раката ја прашува да ли е задоволна што имала „слободен ден“, таа го погледнува налутено, а тој ѝ вели дека коку и да се трудат мажите, жените никогаш не се задоволни.

Коментирај анонимно