123 години од смртта на Гоце Делчев: Бугарите го предале, го убиле, а денес го бараат за свој

На 4 мај 1903 година, во селото Баница, Серско, загинал Гоце Делчев. Имал 31 година. Само неколку месеци пред Илинденското востание, апостолот на македонското ослободително движење бил опколен од османлиска војска и убиен во престрелка. Тоа е факт. Но зад тој факт стои прашање кое историчарите не го решиле ни по 123 години: кој го предал?

123 години од смртта на Гоце Делчев: Бугарите го предале, го убиле, а денес го бараат за свој

Турците имале прецизни информации за Гоце и неговите соборци

Во Турскиот архив во Истанбул постои документ, шифрирана телеграма од турската управа на Серскиот санџак, испратена на истиот ден кога Гоце е убиен. Во неа пишува дека турските власти дознале преку тајна истрага и шпионски информации дека во Баница и соседните села се крие бунтовничка чета, и дека ноќта пред убиството, пред зори, селото е опколено. Тоа не е случаен судир. Тоа е нарачана акција. За да го опколат селото со два одреди пешадија, еден одред жандармерија и коњаници од специјална единица, за дваесетина луѓе, Турците морале да знаат кој точно е во Баница. Толкав ресурс за обична бунтовничка чета не се праќа. Ова, тврдат историчарите, е доказ дека предавство се случило. Прашањето е само каде и кој.

Турците имале прецизни информации за Гоце и неговите соборци

Последните денови на Гоце Делчев и неговото разочарување од раководството

Делчев не сакал востание во 1903 година. Верувал дека организацијата не е готова и дека масовно востание ќе значи масовна катастрофа за македонскиот народ. Историјата подоцна ќе му даде право. Во април 1903 година дошол во Солун лично да ги разубеди Даме Груев и Иван Гарванов да го одложат востанието. Не успеал. Груев бил цврст: востание ќе има. Разочаран, Гоце тргнал кон Сер, а потоа кон Баница. И токму на тој пат, информацијата за неговото движење стигнала до Турците. Неговите последни зборови, според сведоштвото на соборецот Михаил Чаков кој бил со него, биле: „Карчо, изгледа дека сме предадени во Софија.” Не во Баница. Не во Серско. Во Софија.

Последните денови на Гоце Делчев и неговото разочарување од раководството

Историчарите се сомневаат на Врховниот комитет во Софија за предавството

Сите патишта водат кон Врховниот комитет во Софија. Оваа врховистичка струја, поврзана со бугарската влада и нејзините амбиции во Македонија, упорно притискала за предвремено кревање востание. Гоце им бил пречка. Тој бил единствениот кој јасно ширел дека само Македонците можат да ја ослободат Македонија, и дека помошта однадвор е лажна.

Бугарскиот Врховен комитет се користел како инструмент за влијание во Македонија

Врховниот комитет во Софија не бил само организација за поддршка на македонската борба. Тој бил инструмент на бугарската држава за прошируање на нејзино влијание во Македонија. Врховистите сакале востание кое ќе предизвика меѓународна интервенција и ќе го реши македонското прашање во бугарска корист. Гоце Делчев не само што не се согласувал со тоа. Тој активно му се спротивставувал.
Ѓорче Петров, најблискиот соборец на Делчев, во беседа одржана во Софија во 1919 година, пишува дека за убиството на Гоце „предавство е во прашање, но не се дознало од каде.” Дека дури и 16 години по убиството тие не го знаеле точниот одговор е само уште еден индикатор за тоа колку длабоко е закопана таа приказна. Последниот збор го дава самиот Гоце. Не во Баница. Не во Серско. Во Солун, кога во разговор со соборец рекол дека ако биле предадени локално, ќе нашле начин да излезат од опсадата. Предавството, чувствувал, дошло од подалеку.

Делчев почива во Скопје, а историјата го слави како жртва на организирана предавничка акција

Останките на Делчев денес почиваат во црквата „Свети Спас” во Скопје. Неговото име го носат градови, улици, универзитети, стадиони. Гоце Делчев не загинал случајно. Бил опколен со организирана воена акција врз основа на шпионски информации. Некој дал информација. И тој некој, со голема веројатност, бил поврзан со струите кои го гледале Гоце не само како непријател на Oсманлиската Империја, туку и како пречка за нивните сопствени планови за Македонија. Историјата го запамети. Предавникот остана во сенка.

Постои и фотографија за која се тврди дека ги прикажува последните денови на Гоце Делчев, направена непосредно пред неговото заминување кон Баница. На неа тој е во друштво на блиски пријатели, во опуштена атмосфера покрај Владајска река.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

  • Vsmoro DPMnse Severni напиша:

    bese i ostana golem,
    Na imeto na Vmro se lepat ovie kurtonive od Vsmoro Dpmnse Severni kurtoni mame im ebam u p*cka

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *