Неврохирург со 7.000 операции на мозок вели: Науката покажува дека душата постои и е бесмртна
Мајкл Игнор не е теолог, туку неврохирург со над 7.000 извршени операции на мозок. Тој е универзитетски професор на Стони Брук во Њујорк и специјалист за епилепсија и тумори на мозокот. Игнор започнал како материјалист и атеист, но неговите сознанија го навеле да сфати дека материјализмот не може да ги објасни дури ни сопствените научни откритија. Неговите тврдења не се засновани на вера, туку на невронаука.

Содржина:
- Девојчиња и момчиња без две третини мозок живеат нормално и напредуваат
- Вилдер Пенфилд докажа: Ниту една стимулација на мозокот не создава разум и апстрактна мисла
- Истражувањата на раздвоени мозоци открија дека умот функционира како целост дури и кога мозокот е преполовен
- Слободната волја се појавува како особина на умот, не на мозокот
- Луѓе во длабока кома ги разбираат командите и решаваат математика
- Искуства на границата на смртта покажуваат детална свест и информации надвор од телото и мозокот
- Умот има смисла, значење и нема својства на компјутер или машина
- Духот не се распаѓа, концептот на душата е бесмртен и независен од материјата
Девојчиња и момчиња без две третини мозок живеат нормално и напредуваат
Игнор опишува случаи кои длабоко го промениле неговиот светоглед: девојче родено без две третини од мозокот имала само спинална течност наместо мозочно ткиво. Докторот на родителите им рекол да не очекуваат нормален живот, но денес таа е одличен ученик. Момче по име Јошуа, исто така без две третини мозок, било препорачано од етички комитет да не се храни, но Игнор ја спречил таа одлука — Јошуа завршил средно училиште и спортува. Девојка со магистратура по англиска книжевност и кариера како музичар живее без повеќе од половина мал мозок. Момче со церебрална парализа има само мозочно стебло, но сепак може да се насмее и да покаже емоции. “Зар мозокот е единствениот орган на умот?” се прашува Игнор.

Вилдер Пенфилд докажа: Ниту една стимулација на мозокот не создава разум и апстрактна мисла
Вилдер Пенфилд, еден од најголемите неврохирурзи на 20-тиот век, работел со будни пациенти на операции за епилепсија. Стимулирајќи различни делови на мозокот, можел да предизвика движења, чувства, дури и сеќавања, но никогаш не можел да предизвика апстрактна мисла. Немало случаи каде некој неконтролирано размислувал за математика или за Бог. “Ако можеш да предизвикаш сè друго, зошто не можеш да предизвикаш разум?” праша Пенфилд и заклучи: апстрактното мислење не потекнува директно од мозокот. Центар за разум не постои.

Истражувањата на раздвоени мозоци открија дека умот функционира како целост дури и кога мозокот е преполовен
Нобеловецот Роџер Спери истражувал пациенти со пресечени мозочни хемисфери (corpus callosotomy) поради епилепсија. Против сите очекувања, овие луѓе живееле нормално: зборуваат, се движат, размислуваат. Истражувачката Жустин Саржан покажала дека дури и кога информацијата е поделена така што ниедна половина не гледа целосна слика, пациентите се способни да ги поврзат податоците правилно. Јер Пинто им раскажувал приказни поделени меѓу двете хемисфери — одговорот секогаш бил точен. “Постои нешто во умот кое не е во мозокот”, заклучил Пинто.

Слободната волја се појавува како особина на умот, не на мозокот
Пенфилд со специјален тест на будни пациенти, кога ќе ги подигнел рацете со стимулација или кога сами ги подигнувале, секогаш ги прашувал: „Дали ти или јас го направивте тоа?” Ниту еден од 1.100 пациенти не погрешил, што значи дека луѓето точно разликуваат своја волја од наметнати движења. Истражувањата на Бенџамин Либет покажуваат дека мозокот реагира половина секунда пред лицето да стане свесно за својата одлука, но волјата да се откаже (да не направи нешто) не корелира со мозочна активност. “Не покажал дека постои слободна волја, но покажал дека постои слободно не.”
Луѓе во длабока кома ги разбираат командите и решаваат математика
Адриен Оуен, истражувач на Кембриџ, им давал инструкции на пациенти во перзистентна вегетативна состојба во MRI скенер: „Замисли дека одиш низ соба”, „Замисли дека играш тенис” — и кај нивната мозочна активност се забележуваат исти обрасци како кај свесни луѓе. Кога им се зборувало нешто бесмислено, мозокот молчел. Дури 40% од луѓето во ваква состојба покажале докази дека разбираат и комуницираат, некои можеле да решаваат математика и да раскажуваат семејни приказни: умот функционира, иако мозокот е речиси уништен.
Искуства на границата на смртта покажуваат детална свест и информации надвор од телото и мозокот
Пам Рејнолдс (1999) — пациент со аневризма, поради што хирургот и го застанал срцето, ја оладил на 10 степени Целзиусови, и ја исцедил крвта од мозокот. Таа била 30 минути без мозочна активност. Кога се разбудила, раскажала гледишта од таванот: ги опишала инструментите, зборовите на хирургот, музиката што свирела. Сето тоа било точно. Игнор забележува: луѓето во такви искуства гледаат починати блиски, но никогаш живи. Има случаи кога согледуваат дека некој починал кое со сигурност не го знаеле во моментот.
Умот има смисла, значење и нема својства на компјутер или машина
Игнор објаснува дека умот не е компјутер — секоја мисла е за нешто значајно, додека компјутерите немаат значење само по себе. Секој софтвер процесор или камера процесира податоци, но не разбира значење. „Умот не само што не е компјутер. Тој е спротивното.”
Духот не се распаѓа, концептот на душата е бесмртен и независен од материјата
Стол се распаѓа во прав, телата гнијат, но бројот осум како концепт не може да умре, па макар да ја запалиш хартијата. “Не постои соопштение дека бројката осум починала вчера.” Искуствата на граница на смртта се безвременски, духовното нема делови и не се распаѓа. „Твојата душа нема прекинувач. Телото го има. Душата не.” Така завршува заклучокот на неврохирургот кој едно време верувал дека мозокот е сè.

Коментирај анонимно