Големата пирамида во Гиза: Космички светилник или гробница?

Долго време Велика пирамдиа во Гиза се сметаше единствено за гробница на фараонот. Но неодамна објавено истражување повторно ја разгоре дебатата, доведувајќи ја во прашање оваа стара верзија. Авторите на истражувањето претполагаат дека пирамидата можеби не била само меморијален споменик, туку дел од сложен систем за испраќање информации на космичко ниво, објави Daily Mail.

Големата пирамдиа во Гиза: Космички светилник или гробница?

Зачудувачката коинциденција: локацијата на пирамидата се совпаѓа со брзината на светлината

Во истражувањето се наведува дека Пирамидата на Хеопс се наоѓа на 29,979234° северна ширина. Доколку се изостави запирката, оваа бројка речиси целосно се поклопува со вредноста на брзината на светлината во вакуум — 299 792 458 метри во секунда. Авторите сметаат дека таквото совпаѓање не е случајно и претполагаат дека древните градители можеби намерно вградиле математички код во архитектурата и координатите на пирамидата, кој би бил препознатлив за секоја напредна цивилизација.

Теорија на гравитациски сигнали: Дали пирамидата испраќала пораки во вселената?

Теоријата се заснова на тоа дека пирамидата, благодарение на својата маса и исклучително прецизно позиционирање, можела да модулира гравитациски сигнали што настануваат поради револуцијата на Земјата околу Сонцето. Во оваа хипотеза, орбитата на Земјата служи како носечка бранова фреквенција, а пирамидата — како вид модулатор што го менува сигналот низ времето. Истражувачите забележуваат и дека трите пирамиди во Гиза се поставени на особен начин што евентуално би можел да го засили потенцијалниот сигнал.

Научната заедница останува скептична: Пирамидите – сè уште гробници за археолозите и загатка за физичарите

И покрај возбудливите претпоставки, научната заедница ги третира овие идеи како крајно спекулативни. Археолозите и понатаму тврдат дека пирамидите се погребни градби, додека физичарите подвлекуваат дека засега не постојат познати механизми според кои вакви објекти би можеле да функционираат како гравитациски предаватели.

Величественоста и мистеријата на Големата пирамида: единственото чудо од античкиот свет што преживеа

Големата пирамида е единственото од седумте чуда на античкиот свет што е сочувано до денес. Нејзината првична висина била 146,6 метри, а масата околу 6 милиони тони. Составена е од околу 2,3 милиони камени блокови, секој со просечна маса од 2,5 тони. И покрај бројните истражувања, многу аспекти од нејзината градба и вистинска намена остануваат нерешена мистерија.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *