Сведоштво на српскиот свештеник Слаѓан Васиќ: „Демонот проговори и никогаш во животот не сум слушнал таков глас”

Слаѓан Васиќ, српски православен свештеник кој служи во Австрија, дава потресно сведоштво за изгонување демон од млада жена во Виена. Тој истакнува дека ова не е приказна чуена од друг, туку лично искусена, а за тоа сведочи со целата своја одговорност и со интегритет на човек кој, покрај богословско, има и медицинско образование. „Пред живиот Господ, сведочам дека е сè кажано жива-живата вистина, без ниедно додавање или одземање.”

Сведоштво на српскиот свештеник Слаѓан Васиќ: „Демонот проговори и никогаш во животот не сум слушнал таков глас"

Телефонски повик полн со страв и интуиција што не можела да се игнорира

Тој ден, Васиќ имал многу обврски и закажани средби. Кога добил телефонски повик, по гласот на повикувачот почувствувал дека нешто не е во ред и прво рекол дека е зафатен. Но повикувачот бил упорен. Васиќ препознал нешто во начинот на кој зборувал посетителот: „Не блефираше. Навистина се покажа дека е така.” Возел 45 минути низ големата Виена до другата страна од градот, слушајќи својот внатрешен глас дека мора да оди.

Телефонски повик полн со страв и интуиција што не можела да се игнорира

Исплашен маж, неподвижна жена со изопачени очи и тело – првочната средба

На вратата го пречекал видно вознемирен маж, кој му објаснил дека неговата 30-годишна сопруга веќе трипати била носена на лекар, но лекарите не пронашле никаква физичка или психичка причина за нејзината состојба. Од страв за безбедноста на нивното мало дете, мажот последните неколку ноќи престојувал кај пријатели.
Во собата, жена од околу 40 килограми седела свиткана на каучот. „Ја прашав „Како си“? Таа одговори со многу чуден, невообичаен глас за жена: ‘Лошо.’ Малку се стресов. Ми беше чудно.” Забележал стапала свртени неприродно и очи кои не биле веќе нејзини. Васиќ одговорно додава: „„Имав чувство дека пред мене стои сосема друга личност… Имам медицинско образование. Знам да препознаам душевна или психичка болест, но можам да забележам и кога станува збор за нешто поинакво“.

Исплашен маж, неподвижна жена со изопачени очи и тело – првочната средба

Ја праша: „Дали си опседната?“ – а потоа, тврди тој, проговорил „демонот“

Свештеникот го зел крстот, се приближил до жената и ја прашал по име. „Ја прашав: ‘Дали си опседната?’ Во тој момент се наведна кон мене и со сосема поинаков, морничав глас одговори: ‘Да!’“ – раскажува Васиќ.
Тој тврди дека жената потоа нагло скокнала кон него, по што се стресол мислејќи дека ќе го нападне. Наместо тоа, таа паднала пред неговите нозе и почнала да вреска и да испушта звуци што, според него, не наликувале на човечки глас.

Ја праша: „Дали си опседната?“ – а потоа, тврди тој, проговорил „демонот“

Молитви што траеле со часови: „Криците беа застрашувачки“

Облечен во свештеничка облека, со крст и осветена вода, Васиќ почнал да чита молитви за истерување на злото, кои, како што вели, траеле речиси три часа.
„Кога ја прскав со осветена вода, реагираше со силни крици, како да ја гори нешто. Гласовите и движењата што ги правеше беа навистина вознемирувачки“, раскажува тој.

Крстот што, според него, жената го оттурнувала

Васиќ забележал дека жената не носи крст, па го извадил својот дрвен крст и се обидел да ѝ го стави околу вратот. Според неговото сведоштво, таа реагирала со силна одбивност и се обидувала да го избегне.
„Тоа беше толку необично што навистина ме потресе“, вели тој. На крајот успеал да ѝ го стави крстот, по што ја прашал како се чувствува. Одговорот што го добил, тврди свештеникот, дополнително го уверил дека постапил правилно.

Првата вистинска исповед и причест – борба против духовните сили

По завршувањето на молитвите, сите излегле од собата, а Васиќ останал насамо со жената за да ја исповеда. Тој тврди дека таа признала тешки гревови и дека дотогаш никогаш не била на исповед ниту се причестила.
„Не стануваше збор за некакви секојдневни човечки слабости, туку за многу посериозни работи“, раскажува свештеникот.
Потоа, за првпат ја причестил. Но и за време на разрешителните молитви, според неговите зборови, повторно се слушале силни крици. Жената тешко зборувала, а во еден момент, вели тој, не можела ни да ги изговори зборовите „се каам“.
„Тогаш се сетив дека светите отци нечистите духови ги нарекуваат непокајани“, додава Васиќ.

Исповед преку телефон и целосно ослободување од демонското влијание

Следниот ден, Васиќ додека бил веќе на друг крај од Виена, добил повик од жената – таа се сетила уште нешто да исповеда. Преку телефон завршува исповед, повторно почнуваат крикови, молитвите се читаат 20-30 минути. Потоа на Света Литургија, жената се причестува, ги целива моштите – никој не би претпоставил што доживеала претходниот ден. “Отишла во мир.”

Васиќ: „Јас сум ништожен, но со Христос сите сме силни – моќта на заедништвото во верата”

Васиќ нагласува дека не си припишува никаква заслуга за она што се случило.
„Јас сум обичен и недостоен човек и немам високо мислење за себе. Но како свештеник, верувам дека силата доаѓа од Господ, а не од човекот“, вели тој.
За да ја објасни моќта на верата и заедништвото, користи симболична споредба:
„Сите ние сами по себе сме како нули. Но ако Христос е бројот еден, тогаш човек со Него станува десетка. Ако сме двајца со вера — тоа е сто. Ако сме повеќе — силата расте уште повеќе. Сами не можеме ништо, но, како што рекол апостол Павле: ‘Сè можам преку Христос, кој ми дава сила.’“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *