Јутубери одведоа двајца членови на амазонско племе во град за прв пат во животот, а ова се нивните реакции
Алпер, турски јутубер, помина неколку недели во амазонската прашума во Еквадор, живеејќи со племето Вауоран – заедница која живее речиси непроменето илјадници години. Пред заминувањето, Коминта од племето му постави прашање кое го прогонуваше Алпер: „Зошто вие имате толку многу работи? Зошто ние имаме толку малку?” Тоа го инспирира да им овозможи на Коминта и Мajра да искусат живот во град за прв пат.

Содржина:
- Прв пат летаат со авион, а Коминта и Мajра доживуваат стравопочит и страв
- Прв пат влегуваат во голема куќа, луксузен живот за нив е сон
- Врвот на катедралата во Кито открива нова перспектива: Се чувствуваат како да одат над дрвјата
- Прва средба со метро ја разголува разликата во верувањата за подземниот свет
- Термалните бањи и топлата вода ги воодушевуваат: „Ова место е како сон”
- Од лов на мajмуни до нарачување хамбургер преку екран
- Коминта: Го видов градот, ама жал ми е за неговите луѓе
Прв пат летаат со авион, а Коминта и Мajра доживуваат стравопочит и страв
За Коминта, ова беше прво излегување од амазонската прашума. Мајра еднаш бил во малото место Кока, но ниту еден не летал досега. Кога авионот полета, Коминта почувствува дека паѓа. Во облаците, сè околу нив беше бело. „Кога видов куќите долу ми изгледаше како исто кога навечер ги гледам ѕвездите далеку, само куќите беа долу“ Мajра рече: „Чувствував како летат рамно, потоа авионот се навали настрана, па нагло надолу. Тој момент ме уплаши.”
Прв пат влегуваат во голема куќа, луксузен живот за нив е сон
Алпер им изнајми убава куќа во Кито за три дена. Коминта очекуваше нешто слично на малите куќички од Кока, но ги пречека голема куќа со градина, билјард маса и пространи спални. Легна на креветот и рече: „Вапони.” Тоа е нивниот збор за убаво. Навечер сепак, спиеја во хамаците што си ги носеа од прашумата.
Врвот на катедралата во Кито открива нова перспектива: Се чувствуваат како да одат над дрвјата
Од историската катедрала во Кито, од кулата, градот им се откри од поинаков агол. Коминта се вознемири на стрмните скали, но горе и двајцата останаа без зборови. Мајра рече: „Чувствувам како одам над врвовите на дрвјата. Нешто како на сон” Коминта додаде: „Се плашам дека ова место може одеднаш да пукне како гранка и ќе паднеме.” Нивниот специфичен изглед ги направи привлечни дури и за фотографирање од случајни минувачи.
Прва средба со метро ја разголува разликата во верувањата за подземниот свет
Вауроан веруваат дека лошите души заминуваат под земја по смртта, додека добрите одат горе. Моментот кога влегоа во метро за Коминта беше вознемирувачки. На Мајра ѝ рече: „Не сум сигурен дека ќе излеземе живи одовде.” Алпер ги увери да продолжат.
Термалните бањи и топлата вода ги воодушевуваат: „Ова место е како сон”
За прв пат во животот, Мајра облече бикини. Во топлата бања двајцата беа воодушевени. Коминта рече: „Слушав дека во градот луѓето се капат во реки кои сами ги градат, но не знаев дека тие реки се топли.” Мајра додаде: „Ова место е како сон.”
Од лов на мajмуни до нарачување хамбургер преку екран
Само пет дена претходно, Мајра носеше прасе на рамо, а Коминта држеше мajмун. Наеднаш гледаа како Алпер нарачува храна преку екран. Мајра му рече на Алпер прво тој да проба, па потоа таа. Коминта размисли: „Во прашумата мора да ловиш секој ден. Овде луѓето уловиле толку многу животни и ги чуваат. Само доаѓаш и земаш. Посакувам така да е и во прашумата.”
Коминта: Го видов градот, ама жал ми е за неговите луѓе
На крајот од нивната авантура, Коминта му рече на Алпер: „Беше неверојатно да го видам градот. Но всушност почувствував жал за луѓето кои живеат таму. Вашиот начин на живеење е сосема различен. Изгледа како да живеете само за да имате повеќе работи. За нас работите се само алатки. Не постоиме поради нив. Користиме само она кое ни треба. Луѓето од градот изгледа дека го изгубиле патот, своите корени. Но сепак, градот беше навистина убав.” И двајцата рекоа дека, ако можат повторно да се родат, би сакале да бидат родени во прашумата. Алпер забележа: „Коминта и Мајра ми го покажаа светот, но ми покажаа и грешките во мојот сопствен поглед на животот. Тие може да немаат многу нешта. Но она за кое жртвувавме за прогресот, почитта, сочувството, восхитот, радоста на истражувањето, тоа тие го имаат.”

Коментирај анонимно