Ефтим Клетников за бугарската патологија: Ние немаме проблем со нашиот идентитет, Бугарите имаат проблем со нивниот
Македонците и Бугарите не се од иста прагенеза. Прагенезата на Бугарите е татаро-монголска. Тоа го знаат. И тие овде се словенизирани. Го примаат виното на словенската култура. А, кој ги словенизира? Ги словенизираат Македонците! Бидејќи Македонците биле тука. И јазикот го примаат од Македонците.
Нивниот учен Севтенски вели, Бугарите речиси до 12 век зборувале на татаро-монголски, протобугарски јазик на дворот на Цар Симеон.
Ако сакате и академикот Павлов, инаку штипјанец, во неговиот говор во 1969 година во Бугарската академија на науките, по повод 1.000 годишнината од смртта на Кирил Солунски, кажува дека грчкиот јазик во Бугарија бил службен државен јазик и писмо до 893 година. 30 години подоцна од Моравската мисија на Светите Кирил и Методиј, за која Бугарите се грабаат, дека Кирил и Методиј се Бугари, што е права глупост. И дека тоа е старобугарски јазик. А, тоа е јазикот на словените македонски од околината на Солун.
Историски е познато дека Бугарите никогаш не влегле во Солун! Тие дошле со нивниот хан Пресијан само на 20 километри од Солун, тоа е забележано. И овој старословенски јазик, кој ние и нашите лингвисти се срамиме да го наречеме старомакедонски јазик, знаете кој го вика старомакедонски? Еден од најголемите слависти во светот – французот Андреј Вајан, па и французот Андреј Мазон, исто. Па, Берштајн кај Русите, Иванов итн.
Значи, Бугарите ги превртуваат тезите. Ние немаме проблем со идентитетот. Нашиот идентитет, праидентитетот е заснован со најтестаменталната, најзначајната книга на европската цивилизација – Библијата! И таму можете од првите страници па натаму да го следите се’ до Новиот завет со доаѓањето на светиот апостол Павле во Македонија, кого сега ни го земаат Грците, бидејќи тие го земаа брендот Македонија. И тоа беше целата приказна, северни да бидеме ние, за да ни се земе историјата на Македонија.
Бугарите имаат проблем со идентитетот, и тие имаат една патолошка, патогена слика на нивното колективно битие. Тие направија една анкета меѓу Бугарите, дали се Македонците Бугари. Знаете околу 85% одговорија дека се Бугари!
Толку многу го имаат народот затруено, заразено, така што тоа е бугарска патологија!


Коментирај анонимно