Секое друштво има по еден од овие типови: кој тип пријател си ти?

Во секое друштво има пријател за сè: некој што секогаш има план, некој за филмови, некој за скара, фотографии, авантури или друштвени игри. А со наградната игра на „скопско“, секој тип може да си најде награда по мера. За да дознаете кои награди се за вас, прво откријте кој тип пријател сте.

 

Филмаџија
Ова е пријателот со бескрајна листа на добри филмови и случајни факти за секој актер. Идеален викенд? Проектор, пуканки, ладно пиво и „само еден филм“ што магично се претвора во цела трилогија.

Скараџија
Тој што прв вика: „Ајде скара“. Знае кој сака луто, кој сака повеќе печено и има сериозен став за маринадата. И, секако, секогаш има ладно пиво подготвено во фрижидерче.

Летен тип
Тој што уште од мај е во летен режим. Има очила за сонце, пешкир во багажникот и секогаш знае каде „само на кратко“. Сонце, вода, добра музика и ладно пиво му се сосема доволни за да се опушти.

Авантурист
Ова е пријателот што секогаш бара нова локација. Денес езеро, следниот викенд некое место што никој не го знае, ама „изгледа предобро“. Си има џип за кампување, хамoк и секогаш ги споделува најубавите фотографии.

Стручњак за друштвени игри
Тој што е секогаш подготвен за „уште една партија“. Без разлика дали е фудбалче или компјутер, кај него викендот може да помине дома, ама атмосферата секогаш да е како финале на турнир.

 

Без разлика кој тип си, важно е дека секое друштво има своја добитна комбинација и  токму тоа ги прави викендите подобри, позабавни и поопуштени.

А ако сакаш да си освоиш награди соодветни за твојот тип биди дел од наградната игра на „СКОПСКО“ која трае од 25 мај до 21 јуни. За да учествуваш, преземи ја апликацијата „СКОПСКО“ на следниот линк: https://app.skopsko.mk/download. Внеси го шестцифрениот код што се наоѓа под капачето на промотивните пакувања на „СКОПСКО“ или „СКОПСКО SMOOTH“ во стаклена амбалажа и играј за дневни и за неделни награди како и за и главната награда.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *