Ужасна сообраќајна несреќа на Пластичарска во Скопје: Загина 19-годишен моторциклист откако автомобил му го пресекол патот
ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА!
Деветнаесетгодишен мотоциклист им подлегна на повредите здобиени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена околу 22:21 часот на крстосницата помеѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“.
Во судирот учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од 31-годишниот Н.Х. од Визбегово, мотоцикл „БМВ“ кој го управувал 19-годишниот М.Ф. од Скопје, како и мотоцикл „Хонда ХДВ“, зад чиј управувач бил 21-годишниот Н.Б. од Скопје.
Најтешко повреден бил мотоциклистот М.Ф., кој веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. И покрај напорите на лекарите, тој подоцна починал од здобиените повреди, а смртта била констатирана од дежурен лекар.
По насоки на јавен обвинител, возачот на автомобилот бил лишен од слобода, додека увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Скопје.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на причините и околностите што довеле до несреќата.

Bez slem na glava i nekontrolirana brzina za zal. Sekako avtomobilot mu presece patot i mali se sansi za prezivuvanje bez slem i so golem brzina.
Коментирај анонимно