Англиски шпиун во Македонија (виц)
Испраќаат англиски шпиун во Македонија, се преправа дека е студент на размена.
После 2 дена го разоткриваат и го враќаат назад во Англија.
– Како те фатија? – го прашуваат шефовите.
– На предавања сите студенти спијат, само јас фаќам белешки и ме разоткрија.
Испраќаат втор шпиун, тој се враќа за еден месец.
– Како те фатија?
– На предавања сите студенти спијат, и јас спијам. Во студентскиот дом сите пијат, само јас учам и ме фатија.
Испреќаат трет шпиун, тој успеал да помине половина година и се враќа.
– Како те фатија?
– На предавања сите студенти спијат, и јас спијам. Во студентскиот дом сите пијат, и јас пијам. Арно ама, кога дојде сесијата, сите ги положија испитите, само јас паднав.

Коментирај анонимно