Најтетовираната жена на светот прелета илјадници километри за модификација што е забранета во многу земји

Амбер Лук, најтетовираната жена во Австралија позната како Dragon Girl, својата среќа ја наоѓа во екстремни телесни модификации. Таа неодамна отпатува половина свет за да направи нови процедури кои се строго забранети во Австралија. За неа, овие модификации се повеќе од визуелна промена – тие се дел од нејзиниот идентитет, но цената што ја плаќа не е само финансиска.

Најтетовираната жена на светот прелета илјадници километри за модификација што е забранета во многу земји

Амбер патува до Барселона за опасни операции на телото што се забранети во Австралија

Поради строги забрани на екстремните телесни модификации во Австралија, 31-годишната Амбер беше приморана да отпатува во Барселона. Таа таму направи две процедури – вградување на силиконска панделка под кожата на раката и операција со која доби таканаречен ‘coin slot’ или отвор во ушната школка што овозможува оригинално слоевито носење обетки. „Австралија ги забрани овие модификации пред седум години. Сега ќе направам две, страшно сум возбудена!“, им соопшти Амбер на своите следбеници.

Амбер патува до Барселона за опасни операции на телото што се забранети во Австралија

Субдермални импланти и ризици – Амбер одлучува да заздравува во Барселона

„Го имав овој план одамна, сакам да добијам coin slot во увото. Се вади парче од хеликсот па може да се ставаат повеќе обетки, една над друга. Со месеци го планирав и силиконскиот имплант во раката – како панделка. Страшно сум возбудена!“, вели таа. Субдермалните импланти се строго регулирани во Австралија поради големите ризици, па дури и во Шпанија се прават само од специјалисти. „Конечната цел ми е да добијам убав имплант што нема да биде извитоперен! Тоа ми е мисијата во Барселона, како и закрепнувањето,“ искрена е Амбер.

Субдермални импланти и ризици – Амбер одлучува да заздравува во Барселона

Заради изгледот тешко наоѓа работа, но не се кае што го избрала својот пат

Освен што се справува со здравствени ризици и нелегални процедури, Амбер признава дека нејзиниот изглед ја ограничува и професионално. „Не сакам да го разубавувам, сепак тоа ги лимитираше моите можности за работа – но тоа е во ред. Не би сакала да работам во компанија што е плитка и не гледа подалеку од изгледот. Не ги гледаат мојата работна етика, морал и вредности, ниту што можам да понудам.“

Заради изгледот тешко наоѓа работа, но не се кае што го избрала својот пат

Три недели без вид поради боење на очите, но Амбер подготвува нов ризик во Бразил

Амбер досега има потрошено над 285.000 евра на тетоважи – вклучително и на очните јаболка. Првиот пат кога си ги тетовираше очите, остана слепа цели три недели. „Причината зошто го правам ова повторно е што првиот пат ме направија несоодветно, не сакам никогаш пак да го искусам тој ужас. Луѓето прашуваат ‘Зошто повторно би си го направила тоа знаејќи што те чека?’ Но, нема ризик ако е направено како што треба.” Кај неа оригинално, наместо само обоени, очите се така тетовирани што има сенки со точки, ќе изгледаат како маглина на галаксија. Следната дестинација за Амбер е Бразил, каде повторно ќе ги бои со црна боја.

Личната среќа и страста не се криминал – Амбер се соочува со жестоки јавни осуди

„Станувам се потетовиранa, но не повредувам никого. Сите имаат различно поимање за убавина. Во некои култури луѓето го издолжуваат вратот, ушите, усните. Секој има право на своето мислење, тоа е во ред. Но, кога некој ми приоѓа на јавно место и ми вели: ‘О боже, си се упропастила, грда си…’, тоа знае да биде болно и вознемирувачки. Тажно е што некои слободно си го искажуваат таквото мислење без никаков срам или последици. Но, моите тетоважи ме прават среќна“, завршува Амбер.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *