dm тајната за свеж изглед на плажа и базен: водоотпорна шминка по секогаш поволни цени
Летото е време за одмори, сонце, релаксација покрај базен и денови исполнети со леснотија. Но, кога температурите растат, а водата станува неизбежен дел од секојдневието, потребна е шминка која ќе остане на своето место. Токму затоа, водоотпорниот „мејкап“ е вистински избор за сите кои сакаат свеж, уреден и долготраен изглед – без разлика дали уживаат покрај базен, на плажа или во летна прошетка.
Со внимателно избрани производи од dm марките trend !t up, Balea и s-he, летниот изглед може да биде едноставен, лесен и постојан. Благодарение на формулите кои се отпорни на вода, а истовремено пријатни за кожата и погодни за секојдневна употреба, секој може да го креира својот омилен летен изглед. Производите се достапни во dm продавниците по секогаш поволни цени.
Совршена основа за долготраен летен изглед
Првиот чекор кон уреден летен мејкап е лесна, но издржлива подлога. Течната пудра s-he colour&style Longlasting Soft Matt Waterproof нуди средна покривност и нежен мат финиш, создавајќи природен и изедначен тен. Благодарение на водоотпорната формула, станува збор за одличен избор за денови кога сакате шминката да изгледа свежо и стабилно подолго време. А во лето, заштитата од сонце останува неопходен дел од рутината, па пред нанесување на шминката секогаш се препорачува соодветен производ со заштитен фактор.
Очите во фокус – без размачкување
За нагласен поглед кој трае, водоотпорните производи за очи се незаменливи. trend !t up Mascara N°1 Express Volumen Waterproof Black овозможува интензивно црна боја, волумен кој може да се надградува и формула отпорна на вода и размачкување. Нејзината четка овозможува прецизно нанесување, а формулата е погодна и за лица кои носат контактни леќи.
За дополнителна дефиниција, trend !t up Eyeliner Exceptional Precise Brush е практичен избор за прецизна линија и интензитет кој може да се прилагоди според посакуваниот изглед. Ултрафината и мека четка овозможува лесно нанесување, а водоотпорната формула помага линијата да остане постојана во текот на денот.
Не треба да се заборават ниту веѓите, кои му даваат рамка на лицето. trend !t up Waterdrop Brow Liner Waterproof овозможува прецизно обликување и дефинирање на веѓите, благодарение на специјално обликуваната мина и практичната четкичка за рамномерно распределување на текстурата.
Лесно отстранување по долгиот летен ден
Водоотпорната шминка бара и соодветно отстранување. Balea масло за чистење со арганово масло, кое нежно ја отстранува шминката, нечистотиите и наслагите од лицето, очите и усните. Производот е без парфем, погоден е за сува кожа и овозможува брзо чистење дури и на водоотпорна шминка, без да остави непријатен масен филм.
Без разлика дали денот започнува со кафе покрај базен, продолжува со капење и завршува со летна прошетка, водоотпорната шминка е сојузник за безгрижен изглед. Со производите достапни во dm, секој може лесно да го креира својот омилен летен изглед – природен, свеж и подготвен за сите летни моменти.
Во dm продавниците можете да пронајдете внимателно избрани мејкап производи за долготрајна, водоотпорна и летна рутина, со секогаш поволни цени.

Коментирај анонимно