АПЕЛ ДО СИТЕ МЕДИУМИ: Кој и по кое право наплаќа влез на Куклите кај Кратово?
Станојковски Марио објави апел до медиумите во врска со состојбата кај локалитетот Куклите во Кратово. Во продолжение ја пренесуваме неговата објава во целост:
„Куклите кај Кратово се природно богатство кое им припаѓа на сите нас. Јавен простор, создаден од природата, даден за сите.
Денес повторно бев спречен да влезам. Дрска, арогантна, физички турка и не дава влез. Стои на портата и со тело блокира пристап до јавен простор, без никакво законско право.
Влегов по алтернативен пат и лично разговарав со косовските државјани внатре(кои таа ги пуштила да влезат ,а во меѓувреме блокираше улаз на другите со умисла .Па 10луѓе по 10 евра цела дневница за нејзе). Ми кажаа дека платиле по 10 евра по лице овој пат, а претходниот пат кога доаѓале им биле наплатени по 20 евра по лице. Измамени повеќепати. Им било речено дека куклите се приватна сопственост и тие верувале, бидејќи никој не им ја кажал вистината.(пс. Дечки има технкчки проблеми не може да се влезе дефект цевки дали разбирате АЛООО
)
Ова не е прв пат. Истите луѓе, измамени повторно. Странски државјани кои доаѓаат да ја видат убавината на Македонија, а наместо тоа наидуваат на изнуда.
Младенци плаќале и сеуште плаќаат за свадбени фотографии. Луѓе од цела Македонија биле принудени да платат или да се вратат. Готовина. Без сметка. Без закон.
Имам докази. Имам фотографии. Имам видео
Повикувам сите медиуми да дојдат на лице место и да го покажат на цела Македонија она што јас го гледам секој ден.
Ова не смее да продолжи.“


Screenshot

Screenshot

Screenshot

Screenshot

Коментирај анонимно