58 годишна жена е бремена со тројка благодарение на д-р Таше и „Плодност“
Д-р Таше Трпчевски објави редок и комплексен медицински случај, постигнат со ин витро оплодување во Македонија. Веста привлече внимание поради возраста на пациентката, начинот на подготовка и ризиците што следуваат во една ваква бременост.

Содржина:
„Ние ја вративме менструацијата“
„Пациентката беше во менопауза, 5 години. Ние ја вративме менструацијата, го припремивме ендометриумот и со помош на донирани јајни клетки и семенски материјал од нејзиниот маж направивме 3 бластоцисти“, соопшти Трпчевски.
Ултразвукот потврдил тројна бременост во деветтата гестациска недела
Пациентката, која е од Србија, сега е во рана фаза од бременоста. Потврдата од ултразвучниот преглед го означува почетокот на медицинско следење кое, според сложеноста на случајот, не може да биде рутинско.
„Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици“
„Кога желбата за дете е посилна од сите предизвици, медицината и упорноста можат да создадат неверојатни приказни“, се вели во објавата. Станува збор за исклучително редок и комплексен случај кој ќе бара внимателно следење и врвна мултидисциплинарна грижа во текот на целата бременост.

Коментирај анонимно