Од електрична инсталација изби пожар пред станбена зграда во Кисела Вода рано утринава – станарите боси и по пижами брзаа да се спасат

Околу 6 часот утринава жителите на станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти населбата Расадник, беа разбудени од необично трепкање на сијалиците низ целиот објект и силни звуци на пукање кои доаѓале однадвор.

Набргу потоа избувна пожар во разводен електричен ормар поставен пред зградата, најверојатно како последица на електричен дефект или краток спој.

 


Станарите со бебиња, боси и во пижами се брзаа да излезат од зградата. Според изјавите на станарите ова е трет пожар годинава , а каблите со недели биле голи, додека пред електроразводниот ормар се наоѓа игротека.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а ситуацијата брзо била ставена под контрола. Екипи на ЕВН го прекинале напојувањето со електрична енергија, по што пожарникарите интервенирале и за кратко време го изгаснале пожарот.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *